Реклама
CelebrityНовости

Ќерката на Сузана Спасовска го нема видено својот татко од бебе

Реклама

„Никогаш не бев мажена, а ќерка ми ја добив во вонбрачна заедница“ –

Нашата позната фолк пејачка си ја отвори душата во емисијата живот со стил на водителката Елена Стефановска.
Таа се присети дека на почетокот од својата кариера во Австралија на концертите на сцената се појавувала качена на мотор Харли Девидсон. Таа меѓу другото зборуваше и за тоа дека пред нејзините настапи, претходниот ден пие само вода, а јаде дури по завршување на својот настап.

Маркетинг

Сузана вели и дека досега никогаш не била мажена, односно дека нејзината ќерка ја има добиено во вонбрачна заедница.

Таа за Теона вели дека ја добила од партнер кој заминал кога таа имала само една година, но и дека до ден денес ја нема видено.

Инаку, Сузана пред неколку месеци ја омажи својата ќерка и тогаш беше највеселата дама на свадбата.
Нејзината ќерка се омажи со своето момче Виктор Велковски, а на свадбата покрај невестата во центарот на вниманието беше и Сузана.

Таа цело време не ја тргаше насмевката од лицето, играше и пееше, а беше облечена во преубав светкав фустан.
Во прашање е свечена тоалета која може да и стои убаво на секоја дама, а како изгледаше нашата позната фолк пејачка и нејзината убавата невеста погледнете во продолжение.

Поврзано

Back to top button