Ќерката на Соња и Јохан Тарчуловски се пресели од Македонија – без едно нешто никако не може да живее
Младата македонска пејачка се огласи и откри што ѝ недостига најмногу.
Мелани си замина од Македонија, но има една работа од која не може да се откаже.
Ќерката на популарниот македонски пар, Јохан и Соња Тарчуловски порасна и веќе се труди да живее самостојно.
ФОТО: Инстаграм / Мелани Тарчуловска
Големиот талент за музика го наследи од својата мајка и уште од многу малечка започна со пеење.
Со својот неверојатен глас веднаш почна да освојува први награди по фестивалите во кои учествуваше, па токму затоа одлучи и професионално да се посвети на својата кариера.
ФОТО: Инстаграм / Мелани Тарчуловска
Редовно имаше настапи и свирки, а сними и неколку видео записи.
Иако изгледаше дека Мелани целосно ќе се посвети на градењето музичка кариера, таа се одлучи за промена.
ФОТО: Инстаграм / Мелани Тарчуловска
Неодамна на социјалните мрежи соопшти дека се сели од Македонија и се пресели во Америка.
Нејзините родители ја испратија на аеродром и на Инстаграм споделија емотивни статуси и фотографии.
ФОТО: Инстаграм / Мелани Тарчуловска
ФОТО: Инстаграм / Мелани Тарчуловска
Мелани е активна на Инстаграм и редовно споделува видеа и фотографии, на кои може да се види дека навистина ужива во Америка.
Но, пеењето и сцената веќе почнаа да ѝ недостигаат, па сподели неколку виде од нејзините настапи низ Македонија, а во опис напиша:
„И нормално сите настапи на repeat. Ми фали сцената“.