Младата Александра уште еднаш покажа зошто важи за една од најубавите девојки на социјалните мрежи
Атрактивната Александра Заева, ќерката на премиерот Зоран Заев и Зорица Заева, со својата убавина и харизма плени каде и да се појави. Таа има голем број следбеници на социјалните мрежи кои редовно ги лајкуваат и коментираат нејзините фотографии. Па така 18-годишната Александра заработи дузина комплименти кога ја објави својата последна фотографија на која позираше во преубава тиркизна тоалета со шлиц до колковите.
Во прашање е издание кое младата дама го носеше на свадба на која беше заедно со своите родители и момчето.
Убавата Александра на свадбата се појави во преубава тоалета во тиркизна боја, која ја носеше со металик сандали и ремен, а целото издание го „подигна“ со адекватна шминка, впечатлив накит и беспрекорна фризура.
Таа со ова издание се пофали на својот профил на Инстаграм, каде има скоро 30.000 фанови, кои беа воодушевени од нејзината комбинација.