Ќерката на најбогатиот човек на Балканот УЖИВА ВО НЕВЕРОЈАТЕН ЛУКСУЗ – еве како ги троши парите на тате
Од овој раскош боли глава
Ема Цептер, наследничката на еден од најбогатите луѓе на Балканот, Филип Цептер, моментално ужива во Монте Карло.
Таа е активна на Инстаграм каде објави неколку фотографии од кои можеме да видиме детали од нејзиниот луксузен живот. Младата милионерка најпрво објави неколку фотки од раскошната јахта на која што престојува на кој има дури и џакузи.
Ема пред да пристигне во Монте Карло беше во Сен Тропе каде беше заедно со своето момче и од каде исто така објави фотографии.
Инстаграм/ Ема Цептер
Потсетуваме, Ема има 23 години и студира психологија во Лондон, а на Инстаграм има скоро 20.000 следбеници.
Инстаграм/ Ема Цептер
Таа најчесто објавува фотографии од својот луксузен живот кој се состои од скапи вили, авиони, базени и патувања на егзотични дестинации.
Инстаграм/ Ема Цептер
Нејзиниот татко од страна на „Форбс“ во 2016 беше прогласен за најбогат човек во Србија на листата на светски милијардери, а неговото богатство беше проценето на пет милијарди долари, пишува српскиот Kурир.
Инстаграм/ Ема Цептер
Инаку, за животот на Ема се знае многу малку, а познато е дека е посвоена во 2000 година од Филип и неговата сопруга Мадлена.
Инстаграм/ Ема Цептер
„Со сите тие тинејџерски моменти што се присутни кај сите деца во таа возраст, морам да кажам дека Ема е едно добро девојче. Добар ученик. Што велат оние што не чуваат, возат – ние ја знаеме Ема, таа учи од својата втора година. Сега го завршува колеџот. Таа би сакала во Америка, но каква Америка кој ќе патува толку далеку. Ќе видиме тоа да биде некаде околу Лондон, изјави Мадлена во една пригода за емисијата „ТВ лица како целиот нормален свет“.