Сексапилната 18-годишна Дева Касел, наследничката на Моника Белучи е убавица која навистина ги освојува симпатиите на модните куќи. Младата маникенка веќе сериозно навлезе во светот на модата по стапките на мама.
Дева беше фотографирана додека снима реклама за долна облека од тантела на брендот „Долче и Габана“ кај барокната Фонтана ди Треви во Рим претходно неделава.
Сличноста со мајка ѝ, една од најубавите жени на светот, е очигледна благодарение на темните кадрици и шминка, кои го отсликуваат препознатливиот изглед и безвременска убавина на Моника од 90-тите.
Светските медиуми ја пренесуваат оваа вест со прекрасните фотографии.
Дел од медиумите пред неколку дена, пак, споделија нејзина приватна фотографија направена во Њу Јорк, а објавена на нејзиниот инстаграм профил. Сите пренесоа како оваа млада дама направила провокативната поза. Дел сметаат дека не е ништо страшно, за дел пак е вулгарно. Ова е фотографијата што предизвика бура од реакции
Нејзиниот шарм е совршен спој на убавината на Моника Белучи и магнетизмот на Винсент Касел.
„Во моментот сум посветена на манекенството, како и на драмската работилница, на која присуствувам. Не би ми пречело да се обидам да глумам. Мислам дека навистина би уживала во тоа, но знам дека тоа е тешка професија, чие усовршување бара многу време и многу лични вложувања. Навистина го ценам фактот што моите родители никогаш не ме принудија да глумам. Секогаш ми велеа дека можам да бидам што сакам кога ќе пораснам поради што бев многу отворена во разни домени“, изјави таа неодамна во интервју за магазинот Glass.