Ќерката на Миле Кузмановски славеше роденден – ќе се изненадите колку пораснала малата принцeзичка
Ќерката на македонскиот пејач славеше роденден.
Сопругата на Миле Кузмановски објави нова фотографија од нивната ќеркичка.
Во домот на фолк легендата Миле Кузмановски и неговата сопруга Јасмина е секогаш весело и динамично.
ФОТО: Фејсбук / Јасмина Кузмановска
Пејачот е како крал опкружен со многу жени, но судејќи по фотографиите на социјалните мрежи може да се забележи дека навистина ужива покрај нив.
Јасмина му е најголема поддршка на Миле во сѐ што прави.
ФОТО: Фејсбук / Јасмина Кузмановска
Со првата сопруга Верче, која за жал животот го загуби во 2012 година ги има близначките Ана и Јана.
Плод на љубовта со Јасмина е малата Ева, која е миленичка во семејството.
ФОТО: Фејсбук / Јасмина Кузмановска
Како што изјави за медиумите, Јасмина го освоила со спонтаноста, добрината, разговорот, прифаќањето на Ана и Јана и затоа производ на таа љубов е ќерката Ева.
Во нивниот дом сега имаше прекрасна причина за славење.
Малата Ева која минатата година беше прваче, сега наполни 7 години.
ФОТО: Фејсбук / Јасмина Кузмановска
По тој повод Јасмина сподели нејзина фотографија додека јава коњ.
„Секогаш да ни бидеш среќна. 7- ца. Да ти се безгрижни и незаборавни. Среќен роденден наше богатство“, напиша Јасмна во опис на фотографијата.