Ќерката на Карлеуша тргна по стапките на својата позната мама – ФОТОГРАФИИТЕ што ги објави никого не оставија рамнодушен
Оваа фризура е хит во светот!
И помалата ќерка на Јелена Карлеуша, Атина Тошиќ, се повеќе привлекува внимание на социјалните мрежи. Овој пат во центарот на вниманието е нејзината нова фризура, со која спектакуларно ја заврши минатата година, а која оваа пролет стана водечки хит во светот.
Во прашање е сина боја на коса која што ја обожаваат многу млади дами, но и бројни светски ѕвезди.
Интересно е тоа што ќерката на Карлеуша оваа фризура ја носеше неколку месеци пред да стане тренд во светот.
И Карлеуша со „штрумф“ фризура
Инаку, со коса во сина нијанса досега можевме да ги видиме и Лејди Гага, Кети Пери и Ријна, но и мајката на Ника, Јелена Карлеуша. Таа овој тренд го фураше и тоа пред неколку години кога оваа боја изгледаше потполно необично, кога Јелена со својата штрумф нијанса ги изненади сите.
Во прашање е тренд со кој дефинитивно ќе бидете забележани, па потребна е и самодоверба да ја носите истата.
Добра вест е што има многу различни нијанси и техники од кои можете да изберете, што ви овозможува да го прилагодите вашиот изглед според вашите желби и потреби – на некои им се допаѓаат ексцентричните „неонски“ нијанси, додека други одлучуваат за поедноставен и посуптилен пристап. Како и да е, косата во бојата на небото може да биде неверојатно ласкава и да одговара на многу различен тен.
Оваа нијанса исто така е одличен начин да ја искажете вашата разиграна страна и да покажете дека сте жена која сака да ризикува и која нема никаков проблем да експериментира со најпопуларните модни трендови.
Некои од најпопуларните варијанти на оваа хит боја на коса погледнете во продолжение: