Реклама
Новости

Ќерката на Карлеуша тргна во средно со луксузна чанта – неверојатна цена, Ника е цела на мама (фото)

Малата Ника се уште нема ни 15 години, а веќе е хит на социјалните мрежи

Реклама

Ќерката на балканската поп-дива Јелена Карлеуша и фудбалерот Душко Тошиќ, Ника Тошиќ, од оваа година е средношколка.

Ника за првиот школски ден се дотера посебно, а еден детаљ од ова нејзино издание никого не остави рамнодушен.

Имено, Ника носеше бела комбинација – свечени, летни панталони и маичка на кратки ракави, а на лицето имаше малку шминка.

Маркетинг

ТикТок, Ника Тошиќ

Но она што посебно привлече внимание е нејзината чанта од популарниот француски бренд „Longchamp “ кој е хит во целиот свет.

Маркетинг

ТикТок, Ника Тошиќ

Во прашање е модел кој чини околу 150 евра, а како Ника изгледаше во ова свое издание, погледнете во продолжение…

ТикТок, Ника Тошиќ

Потсетуваме, Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ се разведуваат, а во медиумите често можеме да прочитаме и за нивните ќерки.

ТикТок, Ника Тошиќ

Но Атина одамна е повлечена од социјалните мрежи, па сега може да ја видиме само на фотографиите што најчесто ги објавуваат нејзиниот татко или помалата сестра Ника.

ТикТок, Ника Тошиќ

Од друга страна Ника е популарна на ТикТок, но и на Инстаграм каде често знае да ја насмее публиката и да им го разубави денот.

ТикТок, Ника Тошиќ

Па така помалата наследничка на Карлеуша тоа го направи и неодамна кога сподели еден нејзин бјути ритуал.

Имено, таа во шега сподели кои шминки ги користи, но оваа објава предизвика и негативни реакции кај многумина затоа што таа се уште е мала за да ги користи препаратите на својата мајка која пак е во раните четириесетти. Но наследничката на Душко и Јелена не се разликува многу од своите врснички кои веројатно слични работи прават во своите домови (ова најдобро го знаат мајките), со тоа што тие не се медиумски застапени како оваа млада дама.

ТикТок, Ника Тошиќ

Како и да е, факт е дека многу шминки за девојки на нејзина возраст се штетни, но и дека Ника знае како да привлече внимание и да воодушеви илјадници фанови со своите постапки.

ТикТок, Ника Тошиќ

А на сите ни е јасно од кого го наследила тоа, нели?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button