Реклама
Наши ѕвезди

Ќерката на Карлеуша има 12 години и веќе е екстра популарна на СОЦИЈАЛНИТЕ мрежи – еве што вели Душко Тошиќ за тоа

Реклама

Нивната наследничка веќе ги освои социјалните мрежи

Наследничката на популарната пејачка Јелена Карлеуша ги воодушеви сите со своите нови фотографии, а на социјалните мрежи веќе ја следат преку 100.000 фанови.

Маркетинг

Под една фотографија коментираше и нејзиниот татко:

„Убавица на тато“, напиша тој.

Маркетинг

Во прашање е Атина Тошиќ, постарата ќерка на балканската поп икона Јелена Карлеуша, која тргна по стапките на својата мајка кога се во прашање објавување фотографии и популарноста на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм/ Атина Тошиќ

Таа веќе има преку 100.000 фанови, а оваа бројка рапидно се зголемува па нема да се изненадиме ако ја стигне и својата мама.

Имено, Атина иако има само 12 години важи за една од најпопуларните девојчиња на Инстаграм и ТикТок, а бројни модни брендови што се занимаваат со облека за тинејџерки и девојки, веќе ја бараат за реклами.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

На новите фотографии Атина позира во фармерки и патики, а гордиот татко под една од нив го остави својот коментар.

Фото: Инстаграм/ Атина Тошиќ

„Убавица на тато!“ напиша познатиот фудбалер.

Фото: Инстаграм/ Атина Тошиќ

Копија на мама

Многумина секако дека не се изненадени од овие фотографии на наследничката на Карлеуша, затоа што таа веќе неколку години го прави ова.

Атина досега имаше искуство и како манекенка на ревија, кога ја даде својата прва изјава за медиумите, кога гордо откри што ја советувала нејзината мајка.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Во една пригода и самата Карлеуша истакна дека сето она што во животот го научила од својата мајка Дивна, сега сака да им го пренесе на своите наследнички кои што го доби од бракот со фудбалерот Душко Тошиќ.

Таа неодамна го промовираше новиот едиторијал на својата ќерка, кога фановите веднаш ја забележаа сличноста.

Фото: Инстаграм/ Атина Тошиќ

Пејачката тогаш воодушевено ги сподели фотографиите направени од познатиот фотограф Дејан Миличевиќ. Од нив можеме да видиме дека Атина по висина наскоро ќе ја достигне својата мајка иако има само 12 години. Таа веќе им е идол на многу девојки кои се на нејзина возраст, а под нејзините фотографии на Инстаграм не ретко можете да прочитате коментари од типот „копија на мама“.

Погледнете некои од нив…

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Атина Тошиќ
Фото: Инстаграм/ Атина Тошиќ
Фото: Инстаграм/ Атина Тошиќ
Фото: Инстаграм/ Атина Тошиќ
Фото: Инстаграм/ Атина Тошиќ
Фото: Инстаграм/ Атина Тошиќ
Фото: Инстаграм/ Атина Тошиќ
Фото: Инстаграм/ Атина Тошиќ
Фото: Инстаграм/ Атина Тошиќ
Фото: Инстаграм/ Атина Тошиќ
Фото: Инстаграм/ Атина Тошиќ

Поврзано

Back to top button