Ќерката на Карлеуша одлично се снајде во улога на манекенка
Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина Тошиќ, се прошета на модните писти како вистински професионалец.
Таа носеше бело асиметрично фустанче, а од публиката цело време ја поддржуваше таткото Душко заедно со нејзината сестра Ника и тетката на Карлеуша, Даниела.

Нејзината мајка за жал не можеше да присуствува на ревијата бидејќи имаше закажан настап во Цирих, но цело време психички беше со неа.

„Моето девојче. Мама плаче од гордост. Жал ми е што твојата баба Дивна не може да те види“ напиша гордо Карлеуша на својот Инстаграм профил.

Инаку, нејзиниот сопруг Душко со ќерката Ника седеше во првиот ред на ревијата и го гледаше настапот на Атина. Тој цело време бил одлично расположен, а кога неговата наследничка се појавила на сцената, не го криел воодушевувањето. Кога заврши шоуто, со сите се поздравил љубезно, а потоа заедно со Ника си заминал дома, додека Атина остана да се подружи со останатите манекенки.