Ќерката на Зоран Заев како принцеза – убавата матурантката во најгламурозното издание што сме ја виделе досега
Убавата ќерка на премиерот Зоран Заев, Александра, знае пријатно да не изненади со фотографиите што ги објавува на нејзиниот профил на социјалните мрежи.
Но покрај фотографиите од секојдневниот живот што редовно ги објавува по се изгледа дека на нејзините пријатели и обожаватели им се омилени оние од ноќниот живот, кога најчесто „фура“ гламурозни издание.
Таа пред само неколку дена ги воодушеви сите со својот преубав матурски фустан (кој можете да ги видите тука), а овој пат во центарот на вниманието се нејзините феноменални сандали во кои изгледа како милион долари.
Александра покрај фотографии од секојдниот живот, знае на Инстаграм да објави и фотографии од нејзините патувања, но и од своите омилени модни изданија.
Овој пат матурантката одлучи да се пофали со новите високи потпетици кои нејзините обожаватели ги оставија без здив. Во прашање е црн, елегантен модел со атрактивен дизајн, со детаљ кој како змија се витка околу глуждот, и кои се создадени за вистинските љубителки на модата.
Погледнете како изгледаат овие неверојатни сандали и кажете ни дали ви се допаѓа како Александра ги комбинираше со останатите парчиња?