Ќерката на Зоран Заев во матурски фустан – проѕирно здолниште и преубава фризура, социјалните мрежи горат (фото)
Ќерката на Зоран Заев е матурантка

Ќерката на премиерот Зоран Заев, Александра, заврши средно училиште, а потоа следуваше и нејзината матурска вечер. Таа како и другите тинејџерки нестрпливо ја чекаше оваа вечер и се подготвуваше како би заблескала на својата матура, а неколку фотографии на кои позира со својот горд татко, Заеви споделија на социјалните мрежи.

Во прашање е раскошна долга тоалета со впечатливи проѕирни детали во пределот на половината и долго проѕирно здолниште кој ги стави голите нозе во преден план.

Александра целото издание го заокружи со црни, елегантни сандали и преубава фризура.
Корисниците на социјалните мрежи се воодушевени од нејзиниот прекрасен изглед, па на гордиот татко му пристигаат честитки од сите страни.
Па, дали ви се допаѓа изборот на Заева?