Реклама
Наши ѕвезди

Ќерката на Зоран Заев во издание со кое никого не остави рамнодушен – БЛЕСКАШЕ и нејзината братучетка, која од која поубава!

Реклама

Ќерката на поранешниот премиер на Македонија Зоран Заев, шармантната Александра Заева, повторно не изненади со својата модна комбинација.

Фото: Инстаграм/ Александра Заева

Александра Заева не престанува да не изненадува со своите модни изданија што ги носи во последно време..

Ќерката на поранешниот премиер тоа го направи и откако се врати од патувањето низ Европа на кое се одмори со своите пријателки, појавувајќи се во црн светкав фустан со кој и овој пат никого не остави рамнодушен.

Маркетинг

Во прашање е креација која е далеку од тоа дека изгледа класично, во која наследничката на Заеви блескаше.

Фото: Инстаграм/ Александра Заева

Имено, идната докторка избра долг модел, со отворено деколте, полу-проѕирно здолниште и суптилен шлиц, а целото издание го зачини со елегантни црни сандали со високи потпетици.

Александра со овој фустан ги воодушеви сите присутни, но и покажа зошто е толку популарна на социјалните мрежи.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Александра Заева

Таа објави и едно селфи со својата братучетка Ева Заева, која исто така избра светкав фустан, но во металик нијанса.

Сите беа воодушевени од ова нивно издание, а тоа може да се забележи и по коментарите на социјалните мрежи.

Фустанот е со перфектен крој, ги сокрива сите потенцијални недостатоци, а повторно го истакнува телото, со акцент на нозете и градите.

И бидејќи и Александра и Ева очигледно многу добро знаат дека ваков тип на фустани не трпат други детали што се истакнуваат, тие не претераа со останатите модни додатоци. И двете само со шминка ги нагласија очите и целото издание го заокружија со нивните долги и убави коси.

Фото: Инстаграм/ Александра Заева

Како изгледаше мајката на Александра облечена во долг црн фустан, но со шлиц до колковите, погледнете во продолжение.

Фото: Инстаграм/ Драган Гоцев

Инаку, овие две изданија на Александра и нејзината мајка Зорица не наведе да ги разгледаме новите црни фустани во продавниците на познатите брендови.

Но наместо свечените модели, повеќе се задржавме на неодоливите „мали црни фустани“ и на нивните пролетни варијанти, а во продолжение погледнете и кои од нив би сакале да ги имаме во нашите плакари.

Класичниот „мал црн фустан“ секако е нешто што е „маст-хев“ за секоја дама, а најинтересното кај овие модели што ќе ги видите е што можеме да ги носиме како во вечерни, така и во дневни варијанти.

За дневна варијанта малиот црн фустан можеме да го комбинираме со скината тексас јакна и патики, додека во комбинација со различни бои и форми на сако може да го носиме и во нашите деловни изданија.

Тие се адекватни за секоја прилика, а една од зачетниците на тоа непишано правило секако е легендарната Одри Хепберн, односно нејзиниот лик во „Појадокот кај Тифани“ за кој главна виновничка беше Коко Шанел, пота Кери Бредшо од „Сексот и градот“, како и Викторија Бекам денес.

Сите овие дами ни покажуваат дека ваков модел е прилагодлив како во елегантни, така и во спортски изданија.

Кога се во прашање овие фустани, не заборавајте и на деталите – бидете слободни и експериментирајте, истакнувајќи го вашиот карактер.

The Vampire’s Wife

Christopher Kane

H&M

Nensi Dojaka

Gauge81

Mango

Khaite

Prada

Petar Petrov

Alexander McQueen

Norma Kamali

Proenza Schouler

Reformation

Bottega Veneta

Racy

Saint Laurent

The Attico

Usisi Sister

Versace

cilie Bahnsen

Vivienne Westwood

Miu Miu

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button