Реклама
Наши ѕвезди

Ќерката на Здравко Чолиќ порасна во вистинска убавица

Реклама

Ќерката на еден од најпознатите пејачи во регионот, Здравко Чолиќ, Уна Чолиќ, наполни осумнаесет години и го прослави својот роденден.

Од нејзиниот профил на Инстаграм може да се види дека Уна роденденот го прослави во опкружување од балони и свеќички, додека нејзините пријатели и преку социјалните мрежи и испраќаа роденденски честитки и објавуваа заеднички фотографии од прославата.

Маркетинг

Ова е еден од ретките моменти јавноста да има прилика да ѕирне во приватниот живот на семејството на познатиот пејач. Имено, Здравко Чолиќ е познат и по тоа дека приватниот живот го држи настрана од очите на јавноста, па неговите обожаватели се воодушевени од овој момент.

Фото: Инстаграм/ Уна Чолиќ

Да потсетиме, пејачот е во брак со Александра со која застанаа на лудиот камен во 2001 година, па повеќе од 19 години успеваат да ја сокријат својата љубов од јавноста. Покрај 18 годишната Уна, тие ја имаат и ќерката Лара.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Уна Чолиќ

„Уна е потполно на мене. Но амбицијата што ме држеше мене – да бидам најдобар ученик, најдобар во скок во далечина, најдобар на сто метри и на крај еден од најдобрите студенти со просек 8,6 е поголема од нејзината и целата нејзина генерација. Уна е прекрасна и паметна, баш како и нејзината сестра Лара. Јас не сум строг родител и тоа е мојот единствен проблем. Денес средината повеќе влијае на децата и младината отколку домот. Школото е еден едукатор, градот друг, тука се спортските клубови, кафулињата…“

Фото: Инстаграм/ Уна Чолиќ

„Уна е иста како мене, ја има мојата генетика и енергија, не ја држи место. Сопругата тоа не може да го разбере, она ја има таа строгост, а јас се наоѓам меѓу два огна. Ми вели еден човек кој има два сина- ‘Леле, Чола јас имам два сина, ти две ќерки, но тебе ти е потешко’. Тоа навистина е малку проблем, посебно за татко што се занимава со оваа работа“, изјави Чолиќ во една пригода за весникот „Вечерње новости“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button