Реклама
Наши ѕвезди

Ќерката на Заев се појави на свадба со своето момче – корисниците на социјалните мрежи воодушевени од тоа како беа облечени

Реклама

Ќерката на премиерот на Македонија, Зоран Заев и Зорица Заева, Александра Заева, не ретко објавува интересни фотографии на својот профил на социјалните мрежи каде ја следат неколку десетици илјади обожаватели.

Фото: Инстаграм/ Александра Заева

Александра неодамна објави фотографија на која позира во преубав фустан во смарагдно зелена боја, а потоа на социјалните мрежи и во медиумите испловија и фотографии од кои можеме да видиме како изгледаше Александра од глава до пети. Имено, таа ова елегантно издание го „фураше“ на свадбата на свои пријатели, а целото издание го надополни со шик црни сандали и мала чантичка, како и со нејзината преубава пуштена коса.

Маркетинг
Александра објави и една заедничка фотографија на Инстаграм

Александра не крие дека е среќно вљубена, па на свадбата покрај невестата и младоженецот позираше и со своето момче, Иван Проданов, со кого беа во ускладено издание.

Фото: Студио Бимбо

Тие оставаат впечаток на совршен пар, па на социјалните мрежи им порачаа дека не изгледале никогаш подобро.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Александра Заева

Инаку, смарагдните нијанси се популарни веќе неколку сезони и бројни брендови ги имаат на своите полици. Во прашање е боја која им е омилена и на многу познати дами, а доколку не сте ја пробале досега, можеби токму сега е вистинскиот момент тоа да го направите. Но доколку сакате да го усвоите овој тренд, но не се гледате во оваа кралска смарагдна нијанса од глава до пети, тогаш започнете со мали чекори и бирајте детали – оваа боја совршено ќе изгледа и на чанта, чевли или пак само здолниште или блуза во оваа нијанса.

Па, дали ви се допаѓа ова издание на Александра?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button