Реклама
Наши ѕвезди

Ќерката на Заев ни одржа лекција како да изгледаме гламурозно и со НАЈОБИЧНОТО парче што сите го имаме во плакарите

Реклама

Нозете на сонце – време е за шорц!

Фото: Инстаграм/ Александра Заева

Еден од главните трендови за ова лето е лелеава блуска со долги или 3/4 ракави и краток тексас шорц,

Модните блогерки и ова лето го окупираа Инстаграм со своите различни варијанти на оваа комбинација, а мошне интересно издание што ни доаѓа од Македонија можеме да видиме на една од последните „фешн“ фотографии што ја објави ќерката на поранешниот премиер Зоран Заев, Александра.

Маркетинг

Александра својот краток тексас шорц го носеше со свилена кошула со цветен дезен, со ѕвонести 3/4 ракави која во ова издание се покажа како одличен избор.

Времето кога шорцевите ги гледавме само на плажа или на улица пред зграда веќе одамна е минато. Денес можеме да ги видиме и на модните писти и тие можат да бидат одличен избор за речиси сите пригоди – како за вечерни, така и за дневни варијанти. Тоа впрочем можеме да ги видиме и од ова шик издание на шармантната Заева.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Александра Заева

Имено, кратките шорцеви во комбинација со свилени или проѕирни кошули, како и со блуски со отворени раменици и романтични ракави одлично стојат во едно вакво издание, а во тоа можеме да се увериме и од Инстаграм фотографиите на многу познати инфлуенсерки.

Во прашање е летна комбинација која има и своја практична страна. Тајната се крие во тоа што нозете поспоро потемнуваат од рацете, па овој стајлинг може да ве заштити од сончевите зраци кои овие денови можат да бидат поприлично незгодни. А доколку изберете лежерни и прозрачни материјали, како што тоа го направи Заева, сигурно полесно ќе ги пребродите неподносливо високите температури.

Како да ги носиме?

Обичните или модерните тексас шорцеви во топлите летни денови можете да ги носите од утро до мрак. Тие совршено ги заменуваат здолништата, но и фустаните. Важно е да го препознаете моделот што ви стои совршено, а во мода се најразлични облици, бои и величини.

Александра во шорц и тренди маичка

Не треба да ви зборувите дека е најдобро кога ќе ги носиме со прозрачна маичка или свилена блуска, а доколку сакате да ги фурате во вечерно издание, пробајте со свилена маичка или кошула и бидете подготвени да бидете во центарот на вниманието во лудата ноќ.

Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм

Наши предлози:

Saint Laurent
Givenchy
Mango
Mango
Agolde
R13
Agolde
Zara

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button