Ќерката на Есма Реџепова е вистинска убавица – изгледа неверојатно, а многумина се маѓепсани и од нејзиниот ангелски глас
Кралицата на ромската музика, Есма Реџепова, имаше 47 синови и само една ќерка
Елеонора Мустафовска секогаш кога зборува за Есма Реџепова може да се забележи болка во нејзиниот глас која се уште е присутна иако поминаа три години откако кралицата на ромската музика повеќе не е со нас.
Таа откри дека знае дека нејзината мајка ја чува од небото, и е горда што таа реши да ги следи нејзините стапки.
„Нејзиното прерано заминување ме направи многу тажна, и ми требаше долго време да започнам да живеам нормално и да продолжам понатаму. Но јас сè уште верувам дека таа ме чува од небото и дека се радува што продолжив по нејзините чекори. Големите луѓе се секогаш најскромни. Кога имаш две јаболка, секогаш едно подарете му го на некого. Овие нејзини зборови ќе ги паметам засекогаш“, вели таа.
Инаку Елеонора настапува под уметничкото име Малиша, а нејзината убавина многумина ќе остави без здив.
Еве како таа изгледа сега:
Инаку, Елеонора пред публиката реши да се претставува под уметничкото име Малиша, што звучи посебно. Својата прва песна „Ти се предавам на тебе“, Малиша ја снимаше на српски јазик, а досега има скоро милион прегледи.
Најголемата желба на Есма
Животот на Есма згасна во 2016 година, а нејзината најголема желба куќата во која живееше да стане куќа музеј, за жал, се уште не е исполнета. Имено, таа и покрај тоа што остави тестамент и имаше желба куќата да остане под заштита на државата и секој да може да влезе во неа, роднините го оспорија тоа и сега се на суд. И додека судењето не заврши, во куќата ништо не се менува, освен што се случија неколку немили настани за кои пишуваа медиумите.
Повеќе за ова прочитајте тука >>