Реклама
Наши ѕвезди

Ќерката на еден од нашите најпознати актери објави ЗАЕДНИЧКА ФОТОГРАФИЈА со својот татко – овој детаљ ги изненади сите

Реклама

Ќерката на популарниот актер покажа дека е негова копија, а потоа напиша и моќна порака за него.

Гоце Тодоровски е актерот кој сите го засакавме по улогите во Македонските народни приказни со кои секојнод нас има пораснато.

Маркетинг

Тие се најгледаниот проект направен некогаш, а актерите Ѓорѓи Колозов, Гоце Тодоровски, Шенка Колозова, Ванчо Петрушевски и Лазар Бараков оставија траен белег токму со улогите во приказните.

Легенди кои никогаш нема да бидат заборавени од нас.

Маркетинг
ФОТО: Принтскрин

Гоце на сцената на матичниот театар, но и како гостин на професионалните театарски сцени во нашата земја остварил голем број улоги, а останува запаметен по улогите Лука Лукиќ во „Ревозор“ од Гогољ, Докторот во „Веселата смрт“ од Евреинов, Цанде во „Солунски патрдии“ од М. Попоски, Пантагруел во „Пангуриј“ од Р. Богдановски, Царчето во „Чудото на Свети Ѓорѓија“ од Р. Богдановски, Леле мале во „Јадигар“ од В. Манчев, Питу во „Сара Бернар“ од Џ. Марел, Генералот во „Балконот“ од Ж. Жене, Ринго во „Чија си“ од С. Насев, Ќорле во „Кумови“ од К. Ангеловски, Кирца во „Викенд на мртовци“,Ангеле во „Лет во место“ од Г. Стефановски, Докторот во „Болва во уво“ и други.

ФОТО: Принтскрин

На неговата последна претстава во Драмскиот театар пред неговото пензионирање беше испратен со громогласен 10 минутно ракоплескање.

Гоце и актерот Ванчо Петрушевски беа неразделни пријатели. Секој момент го поминуваа заедно.

„Повеќе бев со Ванчо, отколку со самиот себе“ , изјави актерот Гоце Тодоровски за својот колега и пријател Ванчо Петрушевски, на неговата комеморација во Драмскиот театар во Скопје.

ФОТО: Принтскрин

Животото на Петрушевски згасна во несреќен случај, во неговата викендичка во Орешани, од струeн удaр. Низ солзи, Гоце Тодровски раскажа оти викендичката во Орешани била омиленото место на Ванчо, а Тодоровски од тага веќе никогаш нема да стапне таму.

Тодоровски не е многу активен на социјалните мрежи, а во медиумите ретко зборува за својот приватен живот.

ФОТО: Сашенка Т. Спасовска / Инстаграм

Долги години е во брак со Тања Тодоривска, а плод на нивната љубов се нивните деца, ќерката и синот.

ФОТО: Сашенка Т. Спасовска / Инстаграм

Ќерката на Гоце и Тања, Сашенка Тодоровска е активна на Фејсбук каде често споделува фотографии и моменти од приватниот живот, најмногу со нејзините родители.

ФОТО: Сашенка Т. Спасовска / Инстаграм

Сашенка е вработена во Музејот за македонска борба, а ниту синот на Гоце не тргна по стапките на својот татко.

Благодарение на објавите на Сашенка публиката има можност да ѕирне во приватноста на семејството Тодоровски.

Она што може да се забележи е тоа дека сите се исклучително блиски еден со друг и секој момент го поминуваат заедно.

ФОТО: Сашенка Т. Спасовска / Инстаграм

Дома или во некој ресторан, Сашнка и нејзините родители умеат да си направат убава агмосфера.

Според фотографиите може да се забележи дека Сашенка исклучително многу наликува на нејзиниот татко, а дека Тања е вистинска дама која може да се пофали со младешки изглед и витка линија.

ФОТО: Сашенка Т. Спасовска / Инстаграм

Деновиве Сашенка објави фотографија со својот татко која привлече големо внимание.

„Копи-пејст. Татко ми е жив, многу работи, иако е пензионер”, стои во опис на фотографијата.

ФОТО: Сашенка Т. Спасовска / Инстаграм
ФОТО: Сашенка Т. Спасовска / Инстаграм
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Сашенка Т. Спасовска / Инстаграм
ФОТО: Сашенка Т. Спасовска / Инстаграм
ФОТО: Сашенка Т. Спасовска / Инстаграм
ФОТО: Сашенка Т. Спасовска / Инстаграм
ФОТО: Сашенка Т. Спасовска / Инстаграм
ФОТО: Сашенка Т. Спасовска / Инстаграм
ФОТО: Сашенка Т. Спасовска / Инстаграм
ФОТО: Сашенка Т. Спасовска / Инстаграм
ФОТО: Сашенка Т. Спасовска / Инстаграм
ФОТО: Сашенка Т. Спасовска / Инстаграм
ФОТО: Сашенка Т. Спасовска / Инстаграм

Поврзано

Back to top button