Ќерката на Драгана Мирковиќ покажа paзголен стомак, нејзината ПРОВОКАТИВНА МАИЧКА ги запали социјалните мрежи!
Мануела Бијелиќ со својот моден стил ги изненади сите…
Модниот стил на ќерката на Драгана Мирковиќ во последно време се почесто се коментира во медиумите.
И додека на едни им се допаѓа тоа како наследничката на фолк дивата се грижи за својот изглед, други ја критикуваат.
Но за разлика од многу нејзини врснички нејзиниот однос кон модата е скромен и никогаш не е премногу вулгарен.
Таа никогаш не открива премногу, ниту пак целосно е покриена, но затоа секогаш знае како да го истакне она главното.
Впрочем тоа може да се види и од нејзините последни изданија, со кои Мануела никого не остави рамнодушен.
Таа со ова издание привлече внимание на социјалните мрежи, посебно заради горниот дел со ремени.
Инаку, фотографијата е направена во нејзиниот дом во Виена каде нејзините родители деновиве имаа посебна причина за славење.
Имено, нејзиниот татко и сопруг на познатата пејачка, Тони, славеше роденден, а честитка доби и од својата Драгана.
Таа на својот профил објави фотографија од нивниот семеен дом на кои се гушнати и позираат со насмевки на нивните лица.
„Среќен роденден љубов“, напиша Драгана со срценце, а на честитката веднаш и се придружија и нејзините фанови.
Бракот на пејачката Драгана Мирковиќ и бизнисменот Тони Бијелиќ е вистински пример за хармоничен и беспрекорно складен брак, а впрочем за тоа сведочи и оваа фотографија на која изгледаат вљубено како и првиот ден.
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм