Реклама
Наши ѕвезди

Ќерката на Гоце Арнаудов со емотивна порака што ги расплака сите: „Ти си присутен, во секој спомен…“

Ќерката на легендарниот пејач со емотивна порака му го честиташе роденденот.

Реклама

Не поминува ден да не се присети на него, а за поважните датуми не пропушта и да напише емотивна порака за него.

Ненадминливиот Гоце Арнаудов остави траен белег на македонската музичка сцена.

Од овој свет си замина во 2011 година, но остана да живее преку своите песни и во срцата на оние кои го сакаат.

Тој има напишано над 200 песни, учествувал на стотина фестивали, од кои на преку 60 има добиено прво место.

Маркетинг

ФОТО: Приватна архива

Зад себе остави ризница хитови како „Огин и пламен“, „Ај да беше стрела песната“

Маркетинг

„Дали чекаш стара мајчице“, „Штом ноќта помине“… и многу други.

Долги години беше во брак со Силвија, со која ги има ќерката Харита и синот Оскар.

Популарната пејачка Кристина Арнаудова е неговата вонбрачна ќерка, а нивниот однос беше исполнет со турбулеции.

ФОТО: Фејсбук / Харита Арнаудова

По повод денот на неговото раѓање се огласи неговата помала ќерка Харита и на Фејсбук напиша емотивна порака.

„19.08… Деведесет и некоја… среќен е денот… среќен е домот….

Годините, деновите, миговите носат и среќа и болка и искушенија и предизвици и радости и тага….

Нека 19.08 се памти секогаш по тебе, секогаш по среќа…

И во сите денови си тука, ти си присутен, во секој спомен, во секоја песна, во секоја нова кошула…. И во децата секој ден барам нешто твое, ко небаре ако не најдам ќе избледи, ќе се заборави твоето…

Но ти остави многу, ти направи дела со кои генерации ќе те спомнуваат, ќе те памтат и ќе те пеат“, напиша таа.

ФОТО: Фејсбук / Харита Арнаудова

ФОТО: Фејсбук / Харита Арнаудова

ФОТО: Фејсбук / Харита Арнаудова

ФОТО: Фејсбук / Харита Арнаудова

ФОТО: Фејсбук / Харита Арнаудова

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button