ЌЕРКАТА НА ГОЦЕ АРНАУДОВ објави преубава вест, пристигнуваат честитки од сите страни (фото)
Еве во каков однос се навистина ќерките на Гоце Арнаудов

Ќерката на покојниот пејач Гоце Арнаудов го прослави својот роденден и по тој повод се огласи на социјалните мрежи.
Харита Арнаудова е ќерка на Гоце Арнаудов, еден од најголемите фолк-пејачи на Македонија на сите времиња.
Имено, Гоце почина во декември 2011 година, а зад себе остави две ќерки, Харита и Кристина, и синот Оскар.
Фото: Инстаграм/ Кристина Арнаудова
Кристина Арнаудова е единствената од нив што тргна по стапките на својот татко и започна кариера како пејачка.
Покрај музиката и грижат за нејзините два сина, Кристина се занимава и со хуманитарна дејност и во последниве неколку години максимално му е посветена своето здружение „Проект среќа“ со кое им помага на најранливите категории.
Фото: Фејсбук/ Харита Арнаудова
Од друга страна, од она што е познато, Харита живее во Охрид со својот сопруг и нивните две прекрасни ќерки, Каја и Дора.
Таа одвреме-навреме знае да се огласи преку социјалните мрежи, па така на почетокот од септември откри дека внуката на Гоце оваа година е прваче и многумина израдува со овие фотографии.
Фото: Фејсбук/ Харита Арнаудова
Но Харита и овој пат сподели една убава вест на која да беше жив нејзиниот татко најмногу ќе се радуваше.
Фото: Фејсбук/ Харита Арнаудова
Имено, оваа убава млада мама деновиве го прослави својот роденден, па по тој повод се огласи на социјалните мрежи.
Фото: Фејсбук/ Харита Арнаудова
„И не дека порано не сакав и да ги скријам и да ги скратам и да ги намалам, сега само сакам да се множат години во љубов, мир, заедништво и радост и догодина повторно да ме радуваат сите ваши убави желби. На здравје“, напиша Харита и сподели заедничка фотка на која е со сопругот и нивните две ќерки, внуките на најголемата македонска фолк-легенда.
Фото: Фејсбук/ Гоце Арнаудов
Следуваа бројни честитки, а една од нив е и од нејзината сестра, Кристина, која сподели заедничка слика на која си личат.
Фото: Инстаграм/ Кристина Арнаудова
„Среќен роденден на мојата прекрасна сестра. Те сакам и посакувам само убавини, среќа, љубов и здравје! Остани прекрасна!“ и порача Кристина на славеничката со што покажа дека се во одлични односи и по смртта на Гоце и ги воодушеви нивните заеднички пријатели.