Ќерката на Борјан Јовановски славеше роденден – погледнете во каква убавица порасна
Ќерката на познатиот македонски новинар славеше роденден.
Честитки пристигнуваат од сите страни до семејството Јовановски.
Во домот на новинарот Борјан Јовановски имаше прекрасна причина за славење.
ФОТО: Инстаграм / Борјан Јовановски
Борјан плени со својот шарм и харизма и токму затоа е е еден од најатрактивните новинарите кај нас, но клучот на неговото срце го има познатата актерка Амернис Нокшиќи.
Амернис и Борјан се запознале на прославата на некогашната А1 телевизија каде Борјан беше вработен и оттогаш се неразделни.
ФОТО: Инстаграм / Амернис Нокшиќи
На предрасудите за нивниот мешан брак, тој Македонец, таа Албанка, никогаш не обрнувале внимание и велат дека одлично функционираат.
Плод на нивната љубов се ќерките Бора и Каја, а Борјан од претходниот брак ја има и ќерката Мира.
ФОТО: Инстаграм / Амернис Нокшиќи
Ниту една од нив не сака да се експонира во јавност и својата приватно ја чуваат за себе.
Мира е магистер по правни науки, а Бора и Каја се средношколки.
Во домот на Јовановски имаше прекрасна причина за славење.
ФОТО: Инстаграм / Амернис Нокшиќи
Бора стана полнолетна, па по тој повод Амернис сподели нивна заедничка фотографија и јавно ѝ го честиташе роденденот.
„Среќен 18-ти роденден љубов моја“, напиша Амернис на Инстаграм.