Ќерката на Амди Бајрам сподели тажна порака за својот ПОЧИНАТ ТАТКО – зборовите ги трогнаа сите
Амди Бајрам почина на 64-годишна возраст, во октомрви месец 2020 година
Ќерката на починатиот политичар Амди Бајрам , Валентина Бајрам, се потсети на својот починат татко.
Валентина на својoт Инстаграм профил објави неколку стари фотографии од нејзиниот татко кој почина пред скоро три години.
Таа објави фотографија од неговиот роденден, од 30 август, 2020 година, потсетувајќи се на моментите кога го славеле заедно.
Приватна архива
Нејзиниот татко почина по само неколку недели од овие фотографии и тоа само неколку дена по свадбата на својата внука.
Приватна архива
„Среќен роденден тато. Единственото нешто што ти посакувам е да си жив и здрав уште 100 години“, му порача тогаш Валентина на својот татко.
Приватна архива
Но и покрај овој тажен момент за семејството, тие имаат и причина за радување, а тоа е што синот на Амди Бајран, Габриел, пред само два дена доби внука, Ана, коа што ја доби од синот Валентин и снаата Деби.
Приватна архива
Габриел по тој повод сподели неколку фотографии од синот, но и првата фотографија од бебето на која се гледа нејзиното раче.
Денес на мојата среќа и нема крај. Се чувствувам како птица која лета низ небото во бесконечноста. Енергијата која ја добив денес, ќе ми даде сила да продолжам да се борам. Добив светлина како Сонце, која ќе ми го осветлува патот каде и да одам. Добив внука од мојот син Валентин, нека и жива и здрава. Не постои реченица која може да ја опише денешната радост и среќа. Сине Валентин нека ти е жива и здрава керќичката Ана, невесто Деби, ти благодарам што денес ме усреќи и исполни со радост. Господ е Голем и прави чуда. Милионите, моќта и имотот не го прави човекот богат. Богат е оној човек кој е најсреќен и има пород позади себе. Дури сега знам дека сум богат., напиша Габриел под фотографиите што ги објави на својот Фејсбук.