Ќерката на Адријана Алачки ја знаете сите, но погледнете како изгледа НЕЈЗИНИОТ син – и тој сака да готви како мајка му!
Горда баба и мајка на две прекрасни деца
Познатата фолк-пејачка и водителка на емисијата „Вкусот на традицијата“ објави неколку фотографии на кои е со својата ќерка Грациела, но и со синот Баже.
Во прашање се фотографии направени за време на снимањето на нејзината кулинарска емисија, каде токму нејзините деца се појавија како гости, и во која мајката и ќерката подготвија торта која носи слично име со нејзината ќерка.
„Мајка и ќерка! Грацина торта од готвачот а Баже обожава да ја јаде“, пишува во описот на фотографиите.
Инаку, Алачки не ретко објавува фотографии од своите деца, но и од внуката Јана која оваа година наполни пет години.
Ќерката на Алачки е во брак со Игор Димовски, а за нивната свадба се пишуваше многу.
Големата свадба имаше над 300 гости, а посебен шмек и дадоа групата „Академци“ и Драган Мијалковски. Од познатите личности на веселбата биле Ирена Спировска, Ристо Краповски и Сузе Турунџиева.
Познатата водителка и пејачка е горда на своите деца, а во една пригода за својата ќерка напиша:
„Граци сине, ти си мојата причина за среќа и за постоење. Ти си мојот најголем успех. Доаѓам во состојба, од она тоа што си ТИ денес: човек, мајка, сопруга, реализирана професионално, да учам јас од тебе сине. Си ги препознавам моите успеси и грешки следејќи те тебе како мајка, како жена, со сите вредности. Можам да кажам со еден збор, ти благодарам ќерко моја што со крената глава одам секаде.“
„Ти си мојот образ и чистина. Да си ми здрава и жива и биди среќна бескрајно со твојот пород и семејство“ напиша Адријана на Фејсбук.
Инаку, македонската пејачка и водителка на „Вкусот на традицијата“ беше 25 години во брак со хармоникашот Горан Алачки со кого го доби синот Благоја и ќерката Грациела. Адријана и Горан и покрај тоа што се разведени останаа многу добри пријатели, велат нивните блиски.
Благоја има 25 години и е правник по професија, но како што вели Адријана, и тој одлично се снаоѓа и во кујната.
„Доаѓаат следните генерации кои стануваат подобри мајстори во кујната од мене, а тоа е мојот син Благоја, кој секојдневно ме збунува со преубавите вкусови што ги создава во кујната“, изјави пејачката во интервју за „Женски магазин“.