Реклама
Трендови

Њујоршки бренд кој преку ноќ ги освои славните убавици

Реклама

И Пепелашка би сакала да има вакви високи потпетици

Кога некој ќе спомне чевли со веганска кожа најверојатно прво што ќе помислите се некои хипи сандали, но луксузниот бренд „Aera“ може потполно да ви ја промени перцепцијата за ова. Имено во прашање се елегантни и едноставни високи потпетици кои се достојни за црвениот килим, а токму тоа му е и главниот адут на овој нов њујоршки бренд со адреса на производство во Италија. Приказната за брендот ја започнаа модните ветерани Тина Бојвани, поранешната директорка на брендот „Theory“ и модната куќа „Dolce & Gabanna“, и Жан Мајкл Казабата, дизајнер на чевли за бројни познати ѕвезди како Сара Џесика Паркер, Скарлет Јохансон и Кејт Хадсон.

Маркетинг

Чевлите за рекордно време ја освоија целата модна сцена. Тоа е поприлично импресивно особено ако се земе во предвид дека името и целата идеја за брендот настана дури во јануари оваа година. Тогаш дизајнираа и осмислија само неколку пара чевли наменети за претстојните црвени теписи. Неколку стилисти ги воведоа во Лос Анџелес, а веќе следната недела на црвениот тепих се прошетаа познатите актерки Саорсе Ронан и Малин Акерман.

Маркетинг

Најпродаваниот модел дефинитивно се „slingback“ сандалите „Alexandra“, чија цена изнесува 350 евра. Овој модел е многу сличен со моделот „Sally“, кои пак се со нешто пониска пета (330 евра) и „slingback“ балетанките со минимална потпетица „Audrey“ (310 евра)

Брендот се смета „110 отсто самостојно одржлив“ што значи дека едноставно го неутрализира своето влијание на околината, а тоа научно го мери со помош на сертифицираната куќа „SCS Global Services“, а потоа надокнадува и со 10 отсто вложување во пошумување и проекти за обнови на ресурсите со вода и рециклирање на пластика. Но иако позитивното влијанието на брендот што го има на околината е голем плус за брендот, вистинската причина за побарувачката на овие чевли е елегантниот, безвременски дизајн кој што го негува оваа дизајнерска двојка.

Поврзано

Back to top button