Популарната македонска водителка го прегрна најважниот маж во нејзиниот живот и покажа кој ѝ е најголема поддршка цело ова време.
Лила позираше покрај својот син и ги воодушеви фановите.
Што и да направи Лила Филиповска привлекува огромно внимание од публиката.
Освен што долги години е препознатливо ТВ лице, Лила е доста активна и на социјалните мрежи, преку кои публиката може да дознае и нешто повеќе за нејзиниот приватен живот.
Она што малкумина знаат за неа е дека има завршено средно медицинско училиште во СМУГС „Д-р Панче Караѓозов”, и студирала филологија на Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Зад себе има два брака, а од првиот брак го има синот Филип.
Таа премногу ужива во својата работа и тоа секако вродува плод.
Не сака многу да зборува за приватниот живот, но одлучи да си ја отвори душата и проговори за нејзината битка со канцерот.
Токму поради болеста, Лила извесно време носеше перика, но одлучи да покаже како изгледа без неа и предизвика воодушевување кај публиката. Буквално е како филмска дива.
Најголема поддршка и мотив да чекори само напред кон успехот ѝ е нејзиниот Филип.
Филип е дефинитивно најважниот човек во животот на Лила, а таа секогаш со гордост и љубов во очите зборува за него. И дефинитивно има зошто да се гордее.
Филип е младо, воспитано момче, со добри манири, за кои со сигурност е заслужна неговата мајка.
Лила позираше покрај својот син и ги воодушеви фановите.
„Љубов, навика, паника“, напиша таа во опис на нивната заедничка фотографија.
ФОТО: Инстаграм / Лила Филиповска
ФОТО: Инстаграм / Лила Филиповска
ФОТО: Инстаграм / Лила Филиповска
ФОТО: Инстаграм / Лила Филиповска
ФОТО: Инстаграм / Лила Филиповска
ФОТО: Инстаграм / Лила Филиповска
ФОТО: Инстаграм / Лила Филиповска
ФОТО: Инстаграм / Лила Филиповска
ФОТО: Инстаграм / Лила Филиповска
ФОТО: Инстаграм / Лила Филиповска
ФОТО: Инстаграм / Лила Филиповска
ФОТО: Инстаграм / Лила Филиповска
ФОТО: Инстаграм / Лила Филиповска
ФОТО: Инстаграм / Лила Филиповска