Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Љубов, кавга, пари: Што носи викендов за секој хороскопски знак?

Реклама

Викенд хороскоп за (27-28 јули 2019 година).

Овен

Некои од вас повеќе време ќе посветат на саканите луѓе. Во слободно време овој викенд може да ви се случи да ја запознаете вистинската љубов.

Маркетинг

Бик

Можно е да имате некои кочници и да не умеете да покажете емоции кон личноста која ви значи. Обидете се од време на време да кажете некоја лага или изговор за да се спасите од расправија со саканото лице.

Маркетинг

Близнаци

Финансиите ви се добри, и единствено на што треба да внимавате се неконтролираните трошоци. Очекувајте романтичен викенд со саканото лице.

Рак

Ако сте осамени можете да очекувате ново пријателство со интересна личност. Кондицијата ви е одлична, а финансиската состојба без позначајни промени.

Лав

Среќните околности на деловно поле ќе бидат многу значајни и ќе ви помогнат да дојдете до напредување. Не се двоумите, затоа што под дејство на тие ваши колебања се оневозможува реализација на многу ваши планови.

Девица

Личност со која едноставно можете да седите во потполна тишина без трошка на непријатност ќе ви биде најдобро друштво.

Вага

Можеби ќе одлучите на одредено време да се дистанцирате од личноста која ви се допаѓа.Можна е средба со некоја љубов од минатото, која ќе ви разбуди некои потиснати чувства.

Скорпија

Ќе имате мали проблеми на работа, кои ќе ги решите со вашата снаодливост. На љубовен план, ќе се изненадите од саканата личност.Сето тоа ќе придонесе за ваша афирмација во средината во која се движите.

Стрелец

Овој викенд внесува многу светло во вашиот живот. Уживајте во убавите моменти. Во љубовта ќе бидете задоволни.

Јарец

Чувајте ги своите пари и довербата давајте им ја само на одбрани личности. Изгледа вашиот партнер ќе доживее успех и со тоа многу ќе придонесе за да се поправи неговото расположение.

Водолија

Овој викенд многу тешко ќе успеете да ја одржите својата рамнотежа како на друштвено поле така и во љубовта. Сакате да бидете присутни на сите полиња, но тоа е невозможно, затоа сконцентрирајте се на едно.

Риби

На работното место, шефовите може да ја сменат својата тактика и ќе затегнат таму каде што најмалку сте се надевале. Постои опасност да почувствувате монотонија во врската, па излез ќе побарате во ноќните забави со пријателите.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button