Љубов и забава – Антониа Гиговска покажа како се забавуваат со сопругот по дома
Македонската пејачка сподели романтична фотографија со сопругот.
Иако релативно млада, Антониа Гиговска е остварена и приватно и професионално.
Воопшто не е лесно да се биде успешен и на двете полиња, но на Антониа тоа добро ѝ оди.
ФОТО: Инстаграм / Антониа Гиговска
Минатата година беше навистина среќна за пејачката.
Заедно со сопругот, пејачот Роберт Спасенцовски запловија во брачните води, но добија и огромен благослов, им се роди синот Киан.
ФОТО: Инстаграм / Антониа Гиговска
На почетокот, Роберт и Антониа ја криеја својата љубов, а врската ја обелоденија заедно со информацијата дека ќе станат родители.
По раѓањето на Киан, Антониа си даде одмор за да се посвети на бебето, но сега повторно е активирана на музички план и најавува многу новитети.
ФОТО: Инстаграм / Антониа Гиговска
Досега има направено неколку соработки, но може да се пофали и дека е сопственичка на неколку хитови.
По породувањето таа веднаш ја враати линијата во совршенство и мора да се пофали дека изгледа подобро од било кога.
ФОТО: Инстаграм / Антониа Гиговска
На настап и на емисии секогаш е средена од глава до пети, но сега покажа како изгледа по дома, во опуштено издание.
Се чини дека кај неа дома секогаш е забавно, а фотографијата која ја сподели на Инстаграм е доказ за тоа.
Во опис на фотографијата таа стави и срце.