Новости

Љубовната приказна за Невен и Невена е најтажната на Балканот: Пијан кошаркар му ја прегази девојката, познатиот пејач не може да се опорави од трагедијата

Advertisement

Пејачот Невен Живанчевиќ, од групата „In Vivo“ чиј живот го одбележа трагедија кога кошаркарот Кимани Фред од Јамајка пред неколку години ја усмрти неговата девојка со автомобил во центарот на Белград, од тој кобен ден овој српски пејач престана да настапува на музичката сцена, но се посветил на угостителството.

Групата In Vivo, составена од Игор Маљукановиќ и Невен Живанчевиќ, беше многу популарна, но  трагичниот настан тотално му го смени животот на познатиот пејач кој никогаш не ја прежали својата голема љубов. Тој бил на турнеја во Виена кога починала Невена.

Advertisement

Тој продолжи да свири музика, но многу послаб од порано. Долго време не беше присутен во јавноста, се до 2020 година, кога се појави во филмот „Јужен ветер“.

Ненад сега е посветен на угостителството. Како што пишуваат српските медиуми отворил ќебапчилница во белградската населба Шумице, а колку е вреден и посветен на новата работа говори податокот дека освен што е работник, служи и како помошник, влегува во кујната и подготвув храна без никаков проблем.

Advertisement

Максимално е посветен на приватната работа, но не се откажал од микрофонот. На неговиот Инстаграм профил во делот за информации сè уште го има бројот на нивниот менаџер на групата, но факт е дека тие не работат како порано.

На почетокот на ноември 2012 година, Невен доживеа тешка загуба, кога животот го загуби неговата девојка Невена Драгутиновиќ.

 

Ја усмртил автомобил управуван од кошаркарот Кимани Френд, кој бил под дејство на алкохол. Несреќата се случила  во центарот на Белград.

Невена и Невен се забавувале шест години, а пејачот бил длабоко убеден дека таа е жената на неговиот живот.

Пејачот бил на турнеја во Виена кога починала Невена, а кога дознал веднаш се вратил во Србија за да биде со нејзиното семејство.

Неколку дена по нејзината трагична смрт, Живанчевиќ на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук објави потресна порака со која се збогува со Невена.

– Утрото кога татко ми со очи полни солзи ми кажа дека си загинала синоќа, во тој момент се во мене застана… Тоа утро умрев и јас… Принцезо на мојот живот, те нема… Можев да помислам на се, и дека можеби еден ден ќе заминеш, дека ќе се скараме за глупости, се… но, дека некој ќе те убие и јас ќе останам без тебе преку ноќ, не можев да го замислам тоа.

 

Пред три дена ти го кажав она што многупати ти го кажав, а тоа е дека сакам да остарам со тебе. Влегов во нашиот стан, љубов моја, те довикував, врескав, плачев… Се фрлив на креветот мирисајќи ги твоите работи. И сега што? Малкумина знаат колку се сакавме, а уште помалку ќе го доживеат тоа, затоа што знам дека ова беше најголемата љубов на овој век! Половина од моето тело е твое, половина од моето срце е твое, уште живееме заедно, нема крај. Те бакнувам сону мој – напиша тогаш Невен.

По нејзината смрт Невен ретко се појавуваше во јавноста, а ретки беа и приликите кога зборуваше за неа во медиумите. Меѓутоа, по одредено време од денот, кога најде сили, групата „Ин виво“ ја објави песната „Живот наназад“, која Невен ја напиша и целосно и ја посвети на Невена.

– И јас би го живеел сега, овој живот наназад, ќе те бакнувам повеќе, ќе се грижам за тебе подобро. И јас би живеел сега, овие неколку години, со тебе наназад, засекогаш наназад – е дел од песната посветена на трагично починатата Невена.

По таа песна, Невен повторно се повлече од јавноста, а со него и уште еден член Игор, и помина долго време додека не слушнеме нова песна од ова дуо.

Тој минатата година во една гостинска емисија призна дека сега е во среќна врска, првпат по 2012 година и дека конечно се вратил на работа.

 

 

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button