Љубезна жена само го пропуштила човекот пред себе на каса: Заради неговиот гест во маркетот ќе ви се врати вербата во луѓето
Американката Кира Торн била воодушевени од гестот на непознат маж во супермаркет, кого го пуштила да оди пред неа во редот на каса.
Според нејзиното објаснување, таа често ги пропушта другите муштерии пред себе, бидејќи оди во поголеми набавки и има полно производи во своите колички. Така направила и овојпат, бидејќи човекот имал само неколку артикли во корпата.
Меѓутоа, кога дошол моментот да плати, ја пречекало изненадување.
– Леле! Денеска ме воодушеви благородноста на непознат маж во супермаркетот Сејмор Алди. Го пуштил пред мене во редот, зошто имаше само неколку артикли во корпата. Обично го правам тоа, зошто купувам куп работи. Но, не пречека изненадување. Човекот платил 50 долари од мојата сметка пред да отиде, напиша Кира.
Таа немала можност да му се заблагодари, бидејќи тој веќе си заминал од продавницата, оставајќи ја со чувство на благодарност.
– Воопшто не мораше да го направи тоа! Навистина сум му благодарна. Ова само покажува дека љубезноста се исплатува, заклучи Кира во својот пост на Фејсбук.