Хороскоп

Јули е месец кој донесува „полни џебови со пари“: Магичен трик за да привлечете енергија на богатство

Advertisement

Астролозите пресметаа дека во месец јули 2020 година ќе имаме 5 среди, 5 четвртоци и 5 петоци, а според кинескиот фенг шуи, ваквиот период ретко се случува и донесува енергија на изобилство.

Advertisement

Некои на интернет шпекулираат дека овој феномен се случува еднаш во 823 години, но тоа не е точно, зошто ваков број на денови се случува еднаш или двапати секоја година.

Според кинеската фенг-шуи традиција овој феномен се нарекува „џеб полн пари“ или „сребрени џебови“. Се верува дека името го добил според легендата за По Таи, познат како Насмеаниот Буда. Фигурата на насмеаниот Буда може да ја видите во многу азиски ресторани.

Насмеаниот Буда е симбол на будистичкиот монах кој според верувањето имал само платнена торба која секаде ја носел со себе. Иако бил материјално сиромашен, околу себе делел голема мудрост и добро расположение. Денеска фигурата на насмеаниот Буда се користи по фенг шиу за привлекување на изобилство.

Advertisement

Според фенг шуи верувањето, во месеците во кои има три пати по 5 исти денови, шансата за привлекување е значително поголема.

Затоа овој јули следете ги овие фенг шуи инструкции и привлечете енергија на изобилство во својот дом:

1. Исчистете го домот и исфрлете ги непотребните работи, посебно под креветот. Нередот го попречува протокот на позитивна енергија низ вашиот дом.

2. Често отварајте прозорци и врати во просториите за да може енергијата слободно да тече.

3. Поправете ги расипаните работи или исфрлете ги од дома. Ова посебно се однесува на расипана чешма од која тече вода. Се верува дека носи лоша фенг шуи енергија и дека неконтролираното истекување на вода симболизира недостаток на пари.

4. Закачете огледало во трпезаријата, за да се множи енергијата на изобилство.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button