Јоце се уште чувствува голема болка во душата – со солзи зборува за НАЈВАЖНАТА ЛИЧНОСТ во неговиот живот

Македонскиот пејач со солзи во очите и болка во душата зборуваше за загубата на највжната личност во неговиот живот.
Јоце Панов е еден од ретките македонски пејачи кој може да се пофали со успешна кариера во Македонија, но и во земјите од регионот.
Пејачот има настспи секаде низ Балканот, а публиката го обожава.
Одлуката да биде поприсутен на музичката сцена надвор од Македонија Јоце откри дека ја донел откако сфатил дека македонските таленти не добиваат доволно поддршка и грижа од институциите во земјава.

Поради пандемијата коронавирус пејачите долго време беа без работа, па многу од нив се одлучија на промена на професијата, некои привремено, некои трајно.
Еден од пејачите кои одлучија да направат некаква промена во професијата е и Јоце. Не моли за никава помош, туку се труди чесно да го заработи секој денар за да носи пари на своето семејство.

Пејачот се вработил како професор по музика во средно училиште во Скопје.
„Не се седи дома без работа. Особено што имам мало дете. Не знаеш што да правиш со себе и со слободното време. Не дека немам пари, успеав да заштедам, но тоа не е тоа, сакам да заработувам свои пари, не да чекам од некој друг да ми ги дава”, изјави пејачот за весникот ВЕЧЕР.
Јоце е неколку години во брак со Марина Нацевска, со која инаку претходно бешд 10 години во љубовна врска.

Една година по стапувањето во брак, Марина и Јоце го добија синот Лука, кој е круна на нивната љубов.
За името Лука се одлучиле сосема случајно откако се допаднало и на сопругата и на кумовите.
Во емисијата Магазин на Сител телевизија Јоце зборуваше за својот приватен живот и за тоа кој бил целиот живот негова најголема поддршка.

Со многу емоции тој говореше за својата сега веќе по-којна мајка, која и понатаму има посебно место во неговото срце.
„Штом толку години сме заедно со сопругата, значи мора да има разбирање. Мојата професија е професија која бара многу разбирање. Најголемата поддршка ми беше мојата мајка која почина пред 4 години. мал останав без татко, таа ми беше целиот ветер во грб, бидејќи беше жена што е многу борбена, никогаш не сакаше да се откаже и не дозволи во ниту еден момент да се откажам. Имав моменти кога бев на раб да се откажам, да се повлечам од тоа што го работам, ама никогаш не дозволи да подлгенам на тие моменти на животна разочараност. Кога ми било најтешко секогаш беше храбра и ме бодреше да го работам ова што го работа. Велеше дека тоа што го работиш со љубов ќе вроди со плод. Се уште ми е најголема поддршка иако веќе не е присутна. Знам дека е тука, нејзината аура ја чувствувам цело време, сите овие години и што и да ми се случи кога ќе западнам во некоја тешка ситуација, знам да се помолам на нејзе, знам дека е таму негде блиску до Бога и дека ќе се помоли за мене. Мајката е нешто најсвето, иако сум машко, сепак голема предност на жената затоа што мајката е нешто најсвето за децата“, кажа Јоце.

Пејачот откри и дали малиот Лука веќе покажува афинитети и интерес кон музиката и дали ќе тргне по стапките на својот татко.
„Ако е вака јас не би го своетувал мојот син да биде музичар. Убава професија е и со што и да се занимава, тие се судбински работи, не е убаво да делуваш. Сакав како дете, не знам од каде, не сум кажал досега, дека од основно училиште сакав и одев бев до последниот испит за да бидам полицаец. Не знам од каде . Ги поминав сите испит, ама на крај овде во Скопје, буквално на крај ме одбија. Тоа така требало да биде и сум најсреќен што ме одбиле. Затоа верувам во судбински работа. Не е секогаш што посакуваме, туку треба да научиме да ги прочитаме патоказите, на судбината кај што не води“, заклучи пејачот.

















