Јосифовски го покажа својот раскошен двор покрај Охридското Езеро – на ова место ужива со сопругата!
Познатиот пејач во домаќинско издание

Кога е во Македонија тој престојува во неговата голема луксузна куќа во Охрид која целосно ја уредил по сопствена желба…
Младиот пејач од Македонија, Александар Јосифовски, кој се прослави во музичкото талент-шоу „Ѕвездите на Гранд“ покажа како ужива во неговиот раскошен дом покрај Охридското езеро.
Јосифовски е еден од оние пејачи во ова шоу чија кариера по натпреварот забрзано се движи по угорна линија.
Тој веќе има неколку песни зад себе, а неодамна се врати од турнеја во Америка на која што беше заедно со Лепа Брена.

Александар е поприлично активен и на социјалните мрежи, а деновиве ни покажа и како ужива во неговиот дом.

Кога е во Македонија тој престојува во неговата голема луксузна куќа во Охрид која целосно ја уредил по сопствена желба.

Во куќата му се наоѓа студиото, но и големиот рајски двор во кој ужива најмногу во топлите летни месеци.

Како што можеме да видиме од видеото, пејачот се грижи за својот двор и реши малку да го потсреди за новата сезона.

Во центарот на дворот има мала палма, а тука е и скарата која реши да ја запали по напорната работа.


Време за пролет. Охрид, Македонија – напиша пејачот во описот на видеото што го сподели на неговиот профил на Инстаграм.

Тој со ова покажа и дека одлично се снаоѓа во кујната, на што посебно е среќна неговата поубава половина.

Имено, Александар во куќата живее со неговата сопруга Теодора со која планираат наскоро да направат свадбена веселба.

Тие се имаат запознаено во Охрид, пред седум години, и се уште се вљубени еден во друг како и првиот ден.
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски