Омилениот меѓу омилените фолкери, кантавторот Јордан Митев, е скромниот, секогаш искрен со јавноста, отворен и расположен за разговор за секакви теми.
Овој пејач го сакаат поради неговата ретко квалитетна музика, публиката го цени тоа што во секоја нота која тој ја создава се чувствува љубов.
Дополнително, народот го обожува Митев затоа што секогаш ја кажува вистината, се гордее со потеклото, не се срами од корените, напротив се гордее со нив, гласно зборува за македоснката традиција каде и да оди по светот, а богами видел и прошетал голем процент од земјината топка.
Јордан не ја крие приватноста, па често и низ своите песни го раскажува она што му се случува, како еден вистински уметник тој ја споделува својата биографија преку музиката.
Во интервјуто со него ви ги откриваме новостите за вашиот омилен пејач. Тој како и неговата најнова песна вели дека му е добро на душичката, а подолу во разговорот ни открива која е причината за тоа.
Како ви поминува летото , дали имате планови за одмор?
До сега немам користено класичен одмор од 10, или 12 дена. Некако многу долго време ми е тоа без работа и обврски затоа што јас кога ќе одмарам 1 ден имам чувство како да поминала една недела, затоа моите – нашите одмори се некако распоредени на два, максимум три дена една недела, па 2 дена друга недела и така некако поминува секое лето кај мене, меѓудругото летниот период е некако најисполент со многу настани, приватни веселби и кај мене нема многу простор за вистински одмор. Ќе одмарам кога ќе се пензионирам. Се надевам.
Фото: Привтна архива
Вашето најново музичко остварување е песната „Мене ми е добро на душичката“. Повторно еден извонреден филмски спот. Раскажете ни каде се снимаше, споделете со нас некои детали околлу снимањето, можеби анегдоти…
Да, “Денес ми е добро на душичката” е мојата последна песна и за истата снимив видео спот во Кратово. Идејата за Кратово ми дојде сосема случано, додека го подготвував теренот за снимање бев да гледам повеќе локации низ Македонија, но некако ништо не ми правеше клик дека тоа е тоа. Во тој период добив покана од Сител Телевизија да настапам на манифестацијата Златни денови во Кратово и некако Кратово ми остана во глава што во еден момент си реков а зошто јас не снимам видео во Кратово. На интерент побарав повеќе информации за Кратово и видов една фотографија која на прав си реков дека ми треба токму таков амбиент. Така да се останато беше моја рутина и организација која кај мене оди многу брзо и за 1 недела од одлуката да снимам во Кратово видеото веќе беше пуштено во етер.
Од секогаш сум сакал кога добра песна ќе биде крунисана со добро видео и кога тоа ќе го направам се чувствуам среќен и задоволен. Во видеото се вклулени околку дваесетина луѓе а за главен лик во видеото го одбрав Владо Дојчиновски. Некако тој со неговито дух и професионализам му даде посебен шарм на видеото. Интересен проект кој наиде на одлична критика кај публиката.
Фото: Привтна архива
Во контекст да ве прашаме како сте, дали ви е добро на душичката?
Ви Благодарам, фала му на Бога добар сум. Прво и најважно е да сме здрави и живи, се останато може да варира и да зависи од многу ситуации и моменти. Генерално сум добар, работам, создавам, настапувам, се чувствувам добро, живеам….Фалењето некако како да ми е слаба страна, бидејќи јас оставам делата да зборуваат за мене и тие да ме фалат. Тоа најверојатно е подолгиот пат, но тој пат некако ми е најсигурен. Но сепак еве за вашите читатели и за моите фанови во оваа прилика би сакал да откирајм дека наскоро јас и мојата сопруга Славица ќе станеме родители. После многу турбуленции и многу други приватни работи кои за сега деталите ќе ги задржам за себе, конечно очекуваме да не огрее сонце кое ќе донесе радост. Така да наскоро ќе бидам татко, тоа е убава вест.
Фото: Привтна архива
Вие сте еден од омилените македонски фолкери, не поминува прослава без вашата музика, а вашата скромност не се промени. Како се останува присебен и приземјен на толкава слава?
Па присебен се останува кога ќе бидете свесен, а свеста и совеста се можеби дел наследни, дел образование, дел животно искуство.. и кога сето тоа ќе се акомулира во еден човек тогаш стоите цврсто за земјата. Кога човек е свесен што прави, како го прави, во кои околности тоа го прави, дали нештото е добро или не е добро, тогаш нема потреба да нешто посебно да се потенцира или да го пренапумпува, бидејќи тоа по природен пат е веќе доволно големо да самото зборува за тој човек.
Знаете, обично тие што се свесни дека се празни тие имаат потреба да се поплнуваат и да ја прикријат својата празноќа. Јас немам таква потреба бидејќи сум доволно сигурен во себе за да и покрај се останам еден обичен човек.
Вашите песни личат на стари препеви, а впрочем вие правите нова музика која совршено се вклопува со модерното, а има призвук на традиционалното. Како еден професионалец имате право да дадете професионална критика, па како ја оценувате македонската народна сцена?
Ви Благодарам за вашата позитивна критика. Па мојата музика и мојот целокупен пристап кон музиката а и воопшто во животот е одраз на мојот ментален склоп.
Фото: Привтна архива
Јас сум човек кој стои на мостот помеѓу традицијата и модерното. Јас не пораснав со песните на Бон Џови, Мајкал Џексон, Елвис Присли, Синатра, или музиката на Бетовен, Бах и Рашмањинов…јас сум дете од село кое до 2021 година немав прилика да имам компјутер или цд плејар за да слушнам нешто друго. Јас пораснав со песни и музика од Цветници и Валандово. И да сакав да чујам нешто друго немав прилика.
Се сеќавам првото ЦД во 2000 го купив кога се запишав средно музичко во Штип од Енрике Иглесијас, не знам како но слушнав некаде некои негови балади кои ми оставија силен впечаток и сакав да имам ЦД за да ги слушам, но немав ЦД-плејар. Така да ЦД-то ми стоеше во фиока 1 година додека родителите да соберат пари за да ми купат систем на ЦД. Уште го чувам и му се имам радувано како да сум добил лото, вели Митев за Гламур.мк.
Така да јас пораснав со традиционалната музика, но бев жеден да чујам и се останато. Така во изминатите години акомулирав музика од секаде, слушав се, од фолк, до рок, класика, поп до џез. Поминав низ образновниот процес и тоа мене ме оформи како музички лик кој денес е стигнат до таму каде што е.
Фото: Привтна архива
А како ја отценувам македонската народна сцена?! Не знам како да се изразам а да не бидам разбран погрешно, но би сакал да нагласам дека немаме стандард, може вака, може и она, може секако. Не, во професионализамот не може секако, не може, “ај ќе помине и така”, во професионализамот има само едно, а тоа е мора да биде приближно до перфектно доколку сакаме да има резултат. Ова е една многу долга и замресена тема која не влече корени од сега, туку од многу по одамна, само што сега е веќе многу очигледно каде сме ние, а каде се сите останати.
Кога зборувам и размислувам на оваа тема често знае да опадне и мојот ентузијазам но секогаш има некоја искра во мене кој ми дава надеж дека сепак можеме, можеме да бидеме многу подобри, а како може да бидеме подобри јас тоа го покажувам преку мојата работа.
Фото: Привтна архива
Каде и како треба да се поправиме кога се работи за фолк сцената?
Оваа прашање ми се допаѓа и треба често да си го поставуваме бидејќи само така ќе може да го пронајдеме одговорот. Треба да се подобриме во СЕ. Што значи тоа? Тоа значи многу работа, голема селекција, вложување во вистинските луѓе, во оние кои што имаат вистински потенцијал и желба за успех и напредок, бидејќи едно е потенцијалот а друго е колку некој сака да го искористи својот потенцијал. Друго, и на прво место, квалитетни песни, квалитетни извадувачи кој ќе го имаат својот X фактор во себе, квалитетни видео записи и комплетен професионален пристап кон целата оваа работа. Кога сето тоа ќе биде направено како што треба, публиката тоа ќе го забележи и ќе го вреднува.
Фото: Привтна архива
Гоце Делчев кажал дека го разбира светот како поле за културен натпревар помеѓу народите. Ако е тоа така тогаш да создаваме квалитет кој што ќе биде конкурентен прво дома. Дали е тоа можно не сум сигурен, но исто така не сум сигурен дека треба да кренеме раце и да кажеме, не бива, од нас толку, ние толку можеме. Можеме повеќе!
Фото: Привтна архива
Јордан Митев на социјалникте мрежи најавува средба со публиката , убав концерт на кој што можете да го гледате и слушате во живо :
06.08.2023(Недела)
Голема Иселеничка средба во источниот дел на Македонија, С.Видовиште – општина Зрновци(Кочанско), на сред село наречено “На Магила”.
Организатор, иселениците од село Видовиште!
Почеток 11:00ч!