Реклама
Наши ѕвезди

Јордан Митев ја покажа својата ќеркичка Кристина – погледнете како пејачот ужива во улога на татко

Пејачот со сопругата и нивната мала принцеза

Реклама

Пејачот никогаш не бил посреќен

Пејачот Јордан Митев откако се оствари во улога на татко ужива во секој момент помнат со семејството во неговото родно село.

Јордан и неговата сопруга Славица нивната мала наследничка Кристина ја добија во октомври минатата година, додека пејачот беше на турнеја во Австралија, а со него беше и бремената сопруга која исто така е родена во оваа далечна земја.

Маркетинг

Пејачот тогаш доаѓањето на малата принцезичка го прослави на својот настап, а на Инстаграм се нижеа среќни објави.

Маркетинг
Принтскрин/ Јутјуб

Пејачот не ја криеше среќата што стана татко, а во интервју за Гламур призна дека посебно е радосен што доби ќерка.

Фејсбук/ Јордан Митев

Јордан од тогаш одвреме-навреме знаел да ги изненади своите фанови со семејна фотографија, на која во главната улога е неговата ќеркичка.

Но овој пат дефинитивно ја сподели најубавата фотографија со неа со која ги разнежи своите бројни фанови на социјалните мрежи.

Фотографијата доби илјадници коментари и лајкови, но и различни мислења дали Кристина повеќе личи на мама или на тато.

Потсетуваме, Јордан во една пригода ни откри како решиле да го изберат ова преубаво име за неговата наследничка.

Еве што изјави тој тогаш:

„Името Кристина беше повеќе желба на сопругата бидејќи кога ја крстиле Славица тоа било избор на нејзините родители а во предлозите за нејзино име било и името Кристина. Почувствував дека на некој начин тоа и било голема желба бидејќи знаеше така од време на време да ми го спомне името Кристина. Затоа сакав да и се исполни желбата. Секако и за мене тоа е убаво женско име со големо христијанско значење“, изјави Јордан за Гламур магазин.

Бонус галерија

Фејсбук/ Јордан Митев

Настап на Јордан Митев

Фејсбук/ Јордан Митев

Фејсбук/ Јордан Митев

Фејсбук/ Јордан Митев

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button