Јордан Митев ја објави првата фотографија со својата ќеркичка – причината ќе ви го стопи срцето
Малото девојче ужива покрај своите родители
Познатиот македонски фолк-пејач Јордан Митев и неговата сопруга Славица уживаат во родителството.
Пејачот Јордан Митев пред три месеци се оствари во најважната улога во животот кога неговата сопруга Славица ја роди ќерката Кристина.
Како што самиот пејач истакна за Гламур магазин, неговата наследничка е плод на голема љубов и е долго очекувана, цели шест години, колку што Јордан и неговата поубава половина се обидуваа да добијат дете (целото интервју со пејачот прочитајте го тука).
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
Што се однесува до тоа како се снаоѓа во родителските води, тој вели дека одлично функционира, посебно што и досега се грижел за семејството иако немал деца.
„Да живее живот кој бил само за себе, па дури во екстремна ситуација не спремен да се грижи ниту за себе а има многу такви примери, тогаш родителската состојба ќе била претпоставувам терет, но сега, сега мојот живот е поубав, комплетно исполнет и реализиран на сите полиња. Се надевам така ќе остане и во иднина, вели Јордан кој сега ја објави и првата фотографија од ќерката на социјалните мрежи, а причината за тоа беше посебна и ги воодушеви сите.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Имено, тој на социјалните мрежи објави фотографија на која задно со сопругата стојат пред црквата, а во количката е Кристина.
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
Тие тоа го направија на Божиќ, празникот на кој се празнува раѓањето на Исус Христос, кој воедно е и именден на нивната ќерка.
Пејачот со оваа објава ги разнежни сите, а фотографијата никого не остави рамнодушен и предизвика лавина од реакции.
Како ужива пејачот со својата сопруга и нивната наследничка погледнете во продолжение…