Јордан Митев се предомисли, но не и Гавазова – хаос на интернетот, пејачката одговори со овој коментар
Скандалот со прославата и музичарите продолжува!
Познатата пејачка сепак реши да настапи на прославата
По големиот скандал што се случи во врска со прославата на 8.Септември во Пеленица, многу музичари го откажаа гостувањето.
Но популарната фолк-пејачка Сузана Гавазова и покрај големиот притисок пред сé од поддржувачите на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, како и од некои наши корисници на социјалните мрежи од дијаспората, реши да настапи на фестивалот, а преку своите профили на Инстаграм и Фејсбук образложи дека пее за народот, а не за партиите, и дека не ја интересира политиката.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
По нејзината објава многумина ја критикуваа на социјалните мрежи, но имаше и такви кои го поддржаа овој нејзин чекор.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Таа токму ден таков коментар и објави на својот профил, во кој една корисничка на социјалните мрежи вели:
„Браво Суза. На пејачите тоа им е работа и треба да пеат секаде каде што ги плаќаат. Дали вие со останатите професии ги услужувате Вашите клиенти само ако се симпатизери на истата партија?! Прашање кое ме мачи“, пишува во коментарот што го сподели познатата пејачка.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Потсетуваме, по објавата на плакатот за „Традиционалниот пикник во Пеленица“, по повод 8.Септември, организиран од општинската организација на СДСМ – Кисела Вода, и по критиките од страна на некои граѓани кон оние што решиле да настапат на настанот, многу од нив се откажаа од истиот.
Фото: Инстаграм/ Јордан Митев
Меѓу првите тоа го направи пејачот Јордан Митев кој преку својот профил на Фејсбук ја информираше јавноста дека бил изманипулиран од страна на организаторите и дека не му било кажано дека станува збор за партиски настан, така што тој реши да не биде дел од истиот.
Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска
По него и други музичари го откажаа учеството, а меѓу нив Татјана и Новица Василевски, како и Адријана Кеш.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
На настанот покрај Сузана Гавазова настапи и пејачката Сања Барби како и Благоја Грујовски кој за Фокус изјави дека е музичар и дека негова работа е да настапува пред народот, но не и да се меша во политиката.
„Било која партија да го организира настанот, дали е тоа ВМРО или пак СДСМ, јас настапувам на народен собир, на веселба за нашиот народ, бидејќи тоа е мојата професија“, изјави тој за Фокус додавајќи дека не сака да ги коментира колегите што го откажале учеството, но и дека знаел за каков настан се работи. И бидејќи станува збор за народна веселба, не гледа никаков проблем во тоа што решил да го земе микрофонот и со песна да го развесели народот.
Бонус галерија
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
„Ќе пеам за нашата мила земја Македонија и за нашите Македонци“
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
„Да сте ми живи и здрави Македонци, каде и да сте во светот. Сакам да ви кажам дека денес ќе пеам во Скопје, ќе пеам за нашата мила земја Македонија и за нашите Македонци. Инаку, да ви кажам дека не припаѓам на ниту една политичка партија. Јас припаѓам на Македонија, на Македонците, на македонската музика и песна“, го најави пејачката Сузана Гавазова својот настап, а како изгледаше во оваа пригода, погледнете во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова