Јордан Митев од Австралија се враќа побогат од кога било – пејачот пресреќен, убавини му се случуваат!
Многу нашинци од Австралија му посакаа се' најубаво во животот и со среќа да се врати во Македонија заедно со сопругата и нивната мала принцезичка
Најубавата турнеја во неговиот живот
Познатиот фолк-пејач Јордан Митев ја заврши својата турнеја во Австралија и полн со импресии се враќа во Македонија.
Јордан на социјалните мрежи веднаш ја сподели песната „Роден крај“ со која исто така воодушеви бројни обожаватели, а посебно оние од дијаспората со кои што популарниот пејачот интензивно се дружеше во изминативе неколку недели.
Но тој исто така не заборави и да им се заблагодари на сите што присуствуваа на неговите концерти како и на организаторите.
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
Еве што напиша тој на својот Фејсбук профил:
„Почитувани фанови, официјално заврши концертната турнеја во Австралија 2023. Ви Благодарам на сите кој што присуствувавте на концертите, Благодарам на сите кои што дадоа допринос за оваа турнеја да биде успешна и запаметена.
Посебно сакам да се заблагодарам на главниот организатор на оваа турнеја Г-н Влатко Јовески и ‘Republika Entertainment’ кој максимално професионално си ја завршија својата работа.
Останете ми во добро здравје и до следно видување!, Јордан Митев“, пишува во објавата што ја сподели тој на социјалните мрежи.
Принтскрин/ Јутјуб
Потсетуваме, пејачот засекогаш ќе ја памти оваа турнеја затоа што по толку години конечно се оствари во улога на родител.
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
Имено, Јордан и неговата сопруга Славица која е Македонка родена во Австралија, неодамна го добија нивното прво дете на кое му го дадоа преубавото христијанско име Кристина.
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
Еве што изјави пејачот за Гламур магазин во врска со тоа како и зошто го избрале токму ова име за нивната ќерка.
Името Кристина беше повеќе желба на сопругата бидејќи кога ја крстиле Славица тоа било избор на нејзините родители а во предлозите за нејзино име било и името Кристина. Почувствував дека на некој начин тоа и било голема желба бидејќи знаеше така од време на време да ми го спомне името Кристина. Затоа сакав да и се исполни желбата. Секако и за мене тоа е убаво женско име со големо христијанско значење, откри Јордан неодамна за Гламур магазин.
Целото интервју со Јордан Митев прочитајте го тука >>
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев