Јордан Митев објави песна за својата ќеркичка – ќе се воодушевите, пејачот никогаш не бил поемотивен
Татко за пример
Нашиот познат фолк-пејач Јордан Митев пред една година се оствари во улога на татко, а сега сподели уште една убава вест.
Имено, Јордан и неговата сопруга Славица веќе со години се во складен брак од кој пред точно една година ја добија ќерката Кристина која од тогаш стана центарот на нивниот свет.
И како што велат, татковците посебно се поврзани со своите ќерки, па така и она што нашиот познат фолк-пејач го направи за својата наследничка никого не остави рамнодушен.
Принтскрин/ Јутјуб
Имено Јордан сними песна за својата мила ќерка и истата ја објави само неколку дена по нејзиниот прв роденден.
Принтскрин/ Јутјуб
Па така Кристина како подарок од него си доби песна посветена на неа, а гордиот татко е пресреќен што истата конечно ја објави.
Песната се вика „Ќерка“, а пејачот истата со задоволство ја престави откривајќи дека ја посветува на својата ќерка Кристина по повод на нејзиниот 1-ви роденден и светото крштевање.
Принтскрин/ Јутјуб
Но Јордан исто така и се надева дека во истата ќе се пронајдат и многу родители кои имаат и кои ќе имаат ќерки.
„Твојте очи како ѕвезди на небо, твојот насмев како сонце утринско“ вели Јордан во песната за својата ќерка за која не се сомневаме дека ќе ви се допадне и дека ќе биде голем хит.
Фејсбук/ Јордан Митев
Потсетуваме, Јордан неодамна токму во интервју за Гламур откри дека наскоро треба да излезе песна посветена на неговата ќерка.
Еве што ни откри Јордан тогаш:
„До сега бев зафатен со доста настапи, веќе полека влегуваме во есенскиот период кој е прилично помирен и наскоро ќе излезе мојата нова песна, песна која ќе биде посветена на мојата ќерка. Некаде во првата половина од месец Октомври мојата публика ќе има прилика да ја слушне новата песна а која ќе снимам исто така и видео запис, изјави тогаш Јордан.
Целото интервју со Јордан прочитајте го тука, додека песната може да ја слушнете и да уживате во продолжение…