Реклама
Наши ѕвезди

Јована Јоксимовиќ се присети на својата најголема љубов од младоста – не, пејачот Жељко за неа не постоел во тоа време

Реклама

Презентерката Јована Јоксимовиќ во едно свое интервју откри дека била страсна ракометарка.

Инстаграм

Јована деновиве го прослави 39-от роденден, а сега ги објави специјалните честитки што ги доби.

„Драга Јована, многу среќа, здравје и љубов ви посакуваат ракометарките од Работнички“ – пишува во постот што убавата водителка го сподели на социјалните  мрежи, со што покажа колку многу и значи оваа честитка.

Маркетинг
Принтскрин

„Тренирав ракомет осум години. Кога сите девојки одеа на ритмичка гимнастика, балет, моите другарки и јас избравме ракомет. Овој клуб беше блиску до нас и така од љубопитност почнавме да тренираме. Но мене тоа ми се допадна. Тогаш водевме живот на вистински спортисти – подготовки два месеци, тренинг двапати на ден, многумина имаа надеж во нашиот тим. Во тоа време, имав десет килограми повеќе отколку што сум сега, така што ми беше нормално да тренирам некој спорт, кој не е женствен.“

„Но, кога требаше професионално да се занимавам со тоа, да потпишам договор што ме обврзуваше неколку години, јас престанав да тренирам“ – изјави сопругата на пејачот Жељко Јоксимовиќ во една прилика.

Маркетинг
Принтскрин

И Жељко славеше роденден

Инаку, деновиве и пејачот Жељко Јоксимовиќ наполни 48 години, а неговата сопруга Јована му испрати емотивна честитка по овој повод преку социјалните мрежи.

Жељко за својот роденден одржи концерт кој започна во 18 часот пред Старата палата во Белград, кој граѓаните можеа да го гледаат на Интернет, а Јована Јоксимовиќ посочи дека, иако годинава публиката нема да биде присутна, тоа е еден вид подарок на пејачот за своите обожаватели.

Принтскрин

„Секоја година ги славевме твоите родендени во најголемите арени во регионот, оваа година концерт како подарок за сите нас. Среќен роденден љубов моја“ – му честиташе тогаш Јована со емотивни зборови.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button