Јована Јеремиќ важи за една од најконтроверзните водителки во регионот. Каде и да се појави предизвикува низа коментари.
фото инстаграм/Јована Јеремиќ
Често пати јавно говори за тоа каков маж може да и го украде срцето.
Неодамна таа откри дека ужива во љубовта со момчето кое е 14 години постаро од неа, кое сè уште вешто го крие од очите на јавноста.
фото инстаграм/Јована Јеремиќ
Извор близок на Јована Јеремиќ за „Блиц“, открива дека водителката никогаш не била посреќна.
фото инстаграм/Јована Јеремиќ
– Јована зрачи од среќа покрај новиот партнер. Тој е многу успешен, деловен човек и секој ден и приредува изненадувања за да и покаже колку ја сака – изјави за „Блиц“ добро упатен извор и додава:
фото инстаграм/Јована Јеремиќ
– Таа се уште не сака да го запознае својот партнер во јавноста, бидејќи не е јавна личност. Сака да биде подалеку од камерите и да ја чува својата интимност за себе. Доколку дојде тој момент, Јована со задоволство ќе го покаже на пошироката јавност – заклучува добро упатен извор за „Блиц“.
фото инстаграм/Јована Јеремиќ
Да потсетиме, Јована неодамна за „Блиц“ и самата откри дека има маж во нејзиниот живот кој е 14 години постар од неа.
фото инстаграм/Јована Јеремиќ
– Запознав лав. Мојот сегашен партнер е Лав, како и мојот прв сопруг. Најдов дечко, богат е, не сака да се слика, 14 години е постар од мене… – изјавила Јована.
фото инстаграм/Јована Јеремиќ
Инаку, познатот бизнисмен со кого Јована е во врска за роденден и купил нараквица од 14 каратно злато.