Јована од Сител уживаше во водени лудории: „Мамооо, види ме“
Познатата македонска водителка ужива на море.
Јована покажа како се забавува во вода.
Водителката Јовна Стојменовиќ години е дел од утринската програма на Сител телевизија, а се вбројува меѓу дамите од естрадата кои изгледаат како времето да запрело за нив.
ФОТО: Инстаграм / Јована Стојменовиќ
Освен посветеноста, редовната физичка активност и здравиот начин на живот, за нејзината младоликост задолжен е и позитивниот став кон сѐ.
Јована е секогаш ведра и насмеана, па токму затоа публиката ја обожава.
ФОТО: Инстаграм / Јована Стојменовиќ
Иако природата на нејзината професија е таква што таа скоро секој ден мора да стане рано и да биде средена од глава до пети.
Бидејќи сме навикнати секогаш да ја гледаме во елегантни изданија, најновото видео кое го објави на Инстаграм е вистинско освежување за сите.
ФОТО: Инстаграм / Јована Стојменовиќ
Јована овие топли денови ги користи да ужива на море заедно со пријателите, па сега покажа и како се забавува додека е во вода.
Таа во опис на видеото напиша „Мамооо, види ме“ и ги засмеа фановите.
ФОТО: Инстаграм / Јована Стојменовиќ
Она што најмногу привлече внимание е нејзината витка фигура каква посакува секоја жена.