Јована од Сител со еден потег го запали интернетот – наша природна убавица што ги остава сите без здив
Познатата водителка што на сите ни го разубавува денот покажа како ужива на плажа
А еве и што велат фановите за неа
Познатата водителка Јована Стојменовиќ е позната и по својот природен шарм, а со своите последни објави на Инстаграм го потврди и статусот дека е една од најзгодните познати дами кај нас.
Имено, Јована сподели неколку објави од својот одмор, а вниманието го привлече со снимката на која позира во костим за капење.
Облечена во едноделен розов костим за капење таа позираше на лежалка, додека на главата носеше бел, сламен шешир.
Инстаграм/ Јована Стојменовиќ
Јована во еден момент стана и влезе во водата, па покажа и дека одлично плива, а објавата ги воодушеви нејзините следбеници.
Инстаграм/ Јована Стојменовиќ
„Убавица си Јована, личност со добра душа и најдобра водителка“, пишува во еден од коментарите што таа ги доби со ова свое издание.
Инстаграм/ Јована Стојменовиќ
Со оваа своја објава Јована покажа дека е вистинска стилска икона, па дури и кога е на одмор, истакнувајќи го својот софистициран изглед и природна убавина со кои водителката зрачи и остава без здив.
Инстаграм/ Јована Стојменовиќ
Потсетуваме, Јована во една пригода за Гламур откри како се грижи за својот изглед и какви препарати користи.
„Главен дел од негата ми е препаративната козметика за лице во која најмногу инвестирам. Користам хипоалергена козметика богата со минерали бидејќи најмногу ми одговара на мојата осетлива кожа и секако антиејџ серуми и кремови за лице“.
Инстаграм/ Јована Стојменовиќ
„Не легнувам ниту станувам од кревет без темелно чистење на лицето и потхранување на кожата. Тоа е совет од мојата мајка, кој би сакала да го споделам со ваши помлади читателки. Задолжително негувајте ја кожата и нанесувајте крем околу очи и на лице без оглед на возраста. Што порано почнете, толку подобро! Подлогата за шминка ми е исто така многу важна, останатото, повеќе или помалку…“ изјави тогаш за Гламур оваа наша позната дама.