Реклама
Интервју

Јована Костадиновска: „Ми недостасува општество со морални и етички вредости“

Реклама

Ведра, позитивна и секогаш насмеана. Јована Костадиновска долги години ја гледаме на телевизиските екрани, а сега е дел од водителскиот тим на утринската програма на МРТВ. Таа е сопруга и мајка на две деца, ќерката Мила и синот Јаков. Вели дека откако се остварила во улогата на мајка животот и добил значење…

Пред извесно време станавте дел од тимот на утринската програма на МРТВ, како е да се биде дел од Јавниот Сервис?

За мене претставува едно професионално усовршување тоа што сум дел од систем во кој постојат правила. МРТВ е телевизија во која има голем тим на професионалци, ја имам честа да соработувам со нив.

Кои се предностите, а кои маните поврзани со вашата работа?

Кога го работите тоа што го сакате сите мани стануваат предности или за мене ова што го работам е остварување на мојот сон. 

Маркетинг

Колку и како ве промени мајчинството?

Кога се остварив како мајка мојот живот доби значение, наеднаш вие сте целиот свет на две мали очиња кои гледаат и учат секојдневно од вас. Благодарна сум на можноста што се остварив како мајка на девојче и момче па секојдневно се менувам во однесувањето кон ќерката на еден начин кон синот поинаку ? 

На што се должи вашиот фит изглед, дали се работи за гени или пак континуирано вежбање?

Можеби гените имаат некакво влијание, но најважно е вие да се грижите за себе и да вложувате во себе. Како се негувате одвнатре така рефлектирате во изгледот, па започнете со мислите, однесувањето, исхраната, спортувањето, опкружувањето. Се има влијание.

Маркетинг

Како го негувате вашето лице? Дали можеби имате бјути рутина што ја повторувате секое утро?

Ако ме прашавте пред некоја година ќе ви кажев дека од кога знам за себе користам бебешка крема, но сватив дека годините не треба да се занемаруваат и секоја година од животот си носи своја убавина. Ги почитувам луѓето кои се однесуваат и живеат согласно годините, јас сум дел од нив. 

Со какви препарати го негувате лицето?

Рацете на д-р Екатерина Јурукоски и Красотаклиник кога е во прашање негата на лице, а негата на косата во раце на Едита Хусеиновиќ ВИП Фризерко студио.

Кои се вашите омилени козметички производи?

Здрава храна ?

Што има секогаш во вашиот несесер?

Маст за нега на уста. 

Кое е твоето омилено парче облека од плакарот? Во што се чувствуваш најудобно?

Во фустан кој лежерно и женствено паѓа по телото. 

Најубавото нешто што ви се има случено поврзано со вашата работа?

Најубавото нешто е можноста која ја имам во моментот да се остварам професионално, со што уживам во секој миг. Кога немате притисок и работите само со вашата креација успехот е неминовен. 

Што ве прави среќна?

Утринското кафе кое е ритуал за мене и сопругот, тој кафето го подготвува јас здравиот појадок и го пиеме во тишина додека децата спијат, за потоа да ни се фрлат во утрински прегратки, непроценлива среќа. 

Што најмногу ви недостасува во ова време на пандемија?

Едно време ми недостасуваа насмевките па научивме со очите да се смееме и да искажеме задоволство еднакво на прегратка, но никако да научиме да бидеме луѓе со душа, позитивна мисла, без омраза, без да навредиме некого, е тоа ми недостасува општество со морални и етички вредости. 

Сте размислувале ли за некоја друга професија во животот?

НЕ. 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button