Реклама
LIFESTYLEВирално

Јована Здравевска е новата македонска „Ѕвезда број 1“!

Реклама

13-годишната битолчанка Јована Здравевска  е победничката на македонското музичко шоу „Ѕвезда број 1“.

Фото: 1ТВ

Маркетинг

Јована го воодушевуваше вчерашното финале, каде што се натпреваруваше со уште 11 финалисти во првиот круг и со уште пет суперфиналисти во вториот круг. Жири-комисијата на чело со Тамара Тодевска и специјалното жири и доделија најмногу гласови на Јована и со тоа таа стана првиот победник на ова музичко шоу.

Покрај редовното четиричлено жири составено од Александар Масевски, Елена Петреска, Сергеј Варошлија и Валентина Тодоровска – Вања, и продукциското жири (Бане Поповиќ и Пеце Стоикоски), во вчерашното финале кое се одржа во МНТ имаше и уште едно 17-члено жири на чело со претседателката Тамара Тодевска и сопственикот на 1ТВ, Бојан Јовановски.

Маркетинг

Јована во првиот круг ја отпеа најпознатата француска песна на Селин Дион – „Pour que tu m’aimes encore“ – а во вториот се претстави со хитот „Back to Black“ од легендарната Ејми Вајнхау. Младата пејачка ја доби заслужената поддршка и максималните 12 поени од речиси сите членови од жиријата, а со победата доби договор со продукцијата „Арт 10“ и стан во Скопје.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button