Јелена Спенџарска се пофали колку килограми се ПОПРАВИЛА?! Блеска во ова кусо фустанче (фото)
Една од најпопуларните македонски водители откри колку килограми се здебелила.

Јелена гордо се пофали со својата фигура и облече кратко фустанче.
Јелена Спенџарска е една од најпопуларните македонски водителки од помладата генерација.
ФОТО: Инстаграм / Јелена Спенџарска
Популарна е и на социјалните мрежи, особено на Инстаграм, каде има 51 илјада следбеници.
Не поминува ден таа да не сподели нешто на Инстаграм, а често тоа се објави од нејзиното секојдневие.
ФОТО: Инстаграм / Јелена Спенџарска
Јелена постојано потенцира дека е посреќно од било кога и максимално ужива во животот.
Допринос за тоа има и нејзиниот сакан Лукас.
Вљубена до уши, Јелена често покажува како изгледа нивното секојдневие и споделува видеа и фотографии од нивните патувања.
ФОТО: Инстаграм / Јелена Спенџарска
Веќе извесно време живее во Солун заедно со Лукас, но многу често доаѓа назад во Скопје поради својата работа.
Таа се труди да шири позитивна енергија и да ги мотивира своите следбеници да работат на себеси.
ФОТО: Инстаграм / Јелена Спенџарска
Се чини дека љубовта ѝ годи, па водителката изгледа подобро од било кога.
Иако откри дека се здебелила, тоа воопшто не се забележува и понатаму има витка линија каква посакува секоја девојка.
ФОТО: Инстаграм / Јелена Спенџарска
Во црно кратко фустанче ја истакна својата фигура, а во опис на фотографиите напиша:
„5-6 килца плус и никогаш посреќна“.