Јелена од „Фчерашни“ имаше убава причина за славење – водителката добива честитки од сите страни
Нашата позната водителка го прослави 30-от роденден
Една од нашите најпознати водителка Јелена Спасиќ (моминско Богојевиќ) го прослави својот 30-ти роденден.
Јелена минатото што се оствари во улога на мајка, и тоа само една недела откако му се заколна на вечна љубов на својот сакан сопруг.
Јелена на јавноста и е позата како водителка на емисијата „Магазин“, но и како дел од тимот на „Фчерашни“.
Покрај својата професионална кариера како водителка таа не е ништо помалку успешна и на приватен план.
Тоа впрочем се забележува и од нејзините фотографии од кои можеме да видиме како уживаа во мајчинството.
Надвор од камерите Јелена е сакана сопруга и мајка на малиот Немања кој наскоро треба да наполни една година.
Таа за својот роденден објави и една прекрасна фотографија со него, на која го држи во рацете, покрај балоните со бројката на нејзините години.
Водителката порано се занимаваше со манекенство, така што очигледно не и беше тешко да ја врти линијата по породувањето.
Впрочем тоа се забележува и по нејзините фотографии што Јелена често знае да ги сподели на социјалните мрежи.
Таа како малечка глумеше и во серијата „Наше маало“, кога на осумгодишна возраст ја играше улогата на малата Матеа.
Како таа изгледаше тогаш, како малата Мате, но и сега, на прославата на својот 30-ти роденден, погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Јелена Спасиќ (Принтскрин, Наше маало)
Фото: Инстаграм/ Јелена Спасиќ
Фото: Инстаграм/ Јелена Спасиќ
Фото: Инстаграм/ Јелена Спасиќ
Фото: Инстаграм/ Јелена Спасиќ
Фото: Инстаграм/ Јелена Спасиќ
Фото: Инстаграм/ Јелена Спасиќ