Наши ѕвездиСтил

Јелена никогаш поубава, сите ги изненади – нашата позната водителка се појави и го украде шоуто (фото)

Нежно, романтично, но и гламурозно во исто време

Advertisement

Нашата преубава водителка Јелена Спасиќ (моминско Богојевиќ) се појави на еден настан во издание вредно за Холивуд.

Станува збор за Карпошовото културно лето кое оваа година има богата програма, а убавата водителка со ова издание ги воодушеви сите.

Advertisement

Јелена за оваа пригода избра елегантен фустан со преубав цветен дезен во кој изгледаше како холивудските диви.

Принтскрин/ Јутјуб

Во прашање е модел кој изгледа нежно и романтично во исто време, па убавата водителка во него блескаше.

Advertisement

Таа целото издание го зачини со бели високи потпетици и шик фризура, па кога се појави предизвика воодушевување.

Инстаграм/ Јелена Спасиќ

Потсетуваме, Јелена Спасиќ (31) пред нешто повеќе од месец дена го прослави вториот роденден на својот син Немања.

Од фотографиите што ги објавува на социјалните мрежи може да видиме дека по бременоста брзо се врати во топ форма, но и дека максимално ужива во мајчинството и семејниот живот.

Инстаграм/ Јелена Спасиќ

Таа е една млада, убава и негувана жена, а во една пригода за Гламур откри како го негува своето лице и дали има бјути ритуали.

Инстаграм/ Јелена Спасиќ

И како што самата откри тогаш, своето лице го негува со дневна хидрантна крема што ја нанесува по првото миење на лицето, а навечер покрај вода, лицето го чисти и со мицеларна вода и нанесува ноќна крема пред спиење. Понекогаш, по потреба, нанесува и зелена глина на лицето или црна маска (види тука).

Инстаграм/ Јелена Спасиќ

Инстаграм/ Јелена Спасиќ

Инстаграм/ Јелена Спасиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button