Јелена Карлеуша позираше во бундичка, коментарот што го доби под фотографијата НЕМА никого да остави рамнодушен (фото)
Познатата балканска поп дива, Јелена Карлеуша, веќе со години се бори за правата на животните.
Токму и затоа таа никогаш не носи облека од вистинско крзно, туку само од вештачко и тоа секогаш го истакнува.
Така беше и овој пат кога објави фотографија на која позира во бунда од вештачко крзно и предизвика лавина од реакции.
„Целата во црно и подготвена за Копаоник! Вистинските луѓе носат вештачко крзно“, напиша Јелена во својата објава на Инстаграм.
Пејачката позираше во дворот во својата луксузна вила, а нејзиното издание го забележаа и одговорните во организацијата ПЕТА, кои се најголеми борци за правата на животните ширум светот.
„Да! Оние правите ги чуваат животните и никогаш не ги носат! Ова изглед феноменално“, коментираа тие од официјалниот профил.
Инаку, Јелена на Копаоник одржа концерт по повод отворање на сезоната за скијање за 2022/2023 година на ова планина.
И бидејќи веќе со години престојува во истиот хотел, тие овој пат се потрудија да и направат слатко изненадување.
Јелена беше воодушевена и сними видео што исто така го објави на својот профил на социјалните мрежи, а од кое може да се види колку вработените се потрудиле престојот на пејачката да биде незаборавен. Тие ја пречекаа со слатки во најразлични бои, но и со овошје. како и со порака со која ѝ изразија благодарност.
Познато е дека ноќевање во овој хотел чини околу 800 евра, а пејачката исто така го покажа и луксузниот апартман како и неверојатниот поглед од терасата на кој дефинитивно многумина и завидуваат.
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша