Реклама
Наши ѕвезди

Јелеана Карлеуша за бракот и неверството: „Не е битен сексот, многу поважно е семејството!“

Реклама

И покрај тоа што не живеат заедно, поради обврските, Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ имаат и стабилен брак на кои им завидуваат сите.

А пејачката откри и дека воопшто не се плаши од неверство.

Маркетинг

Имено, на прашањето дали се плаши дека нејзиниот сопруг некогаш би можел да ја замени со некоја помлада жена, Јелена одговори потврдно, но додавајќи дека и Душко се плаши од истото сценарио.

https://www.instagram.com/p/Bp1_Eygn7w3/

Маркетинг

 

„Па кој вели дека само тој мене ќе ме замени? Постои криза во средните години кај мажите, но и кај жените. Што ако тој мене ме фати? Ќе го заменам јас него. Затоа не знам зошто мене не ми се поставува истото прашање. Зошто мажите секогаш да наоѓаат помлади, а жените не сакаат помлади мажи? Тоа е сексизам. Секако дека се плашам од сето тоа, но се плаши и Душко. Се додека заедно се плашиме, значи дека постои љубов и емоции. Ние се чуваме така што не сме нон-стоп заедно, па постојано се посакуваме“, изјави таа, и додаде дека сексот како неверство е евтина и надмината работа.

https://www.instagram.com/p/BpMRMRFC5vX/

 

„Во бракот покрај страста, сексот и љубовта многу поважно е нешто што е многу посилно, а тоа е – семејството. Сексот е евтина и надмината работа во денешно време. Да изневерите некој во смисла на секс е неважно, но да го изневерите семејството – е тоа е предавство и вистинско неверство“, вели Карлеуша, а пренесе српскиот портал Курир.

Поврзано

Back to top button